Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: Непречено тече поднесувањето на МПИН пресметките, како се обработуваат, така се испраќаат кодовите до даночните обврзници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Непречено тече поднесувањето на МПИН пресметките, како се обработуваат, така се испраќаат кодовите до даночните обврзници
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Непречено тече поднесувањето на МПИН пресметките, како се обработуваат, така се испраќаат кодовите до даночните обврзници

Објавено April 9, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март. Од нив, 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН пресметките за исплата на мартовската плата. До крајниот законски рок – утре, четврток до полноќ, се очекува уште 5.000 даночни обврзници да поднесат пресметки за плата за месец март.

Управата за јавни приходи е во постојана и активна комуникација со даночните обврзници и сметководителите со цел да обезбеди навремено и успешно постапување по сите барања за реиздавање на кодови за идентификација потребни при поднесувањето на МПИН пресметките.

Имајќи ја предвид обемноста на процесот,Управата за јавни приходи формираше тимови кои посветено работат за да го олеснат целокупниот процес. Особен акцент е ставен на даночните обврзници кои немаа поднесено МПИН пресметки. Кон овие даночни обврзници Управата за јавни приходи испрати и персонализирани пораки и оствари телефонски контакти со цел тие да добијат дополнителна поддршка и навремено да ги исполнат своите обврски.

Потсетуваме даночните обврзници да направат проверка на своите профили на системот „е-Даночни услуги“ и да ги преземат кодовите кои веќе се изработени и се поставени на профилите, а апелираме даночните обврзници кои сè уште немаат поднесено барање за издавање на код за идентификација тоа да го направат преку „е-Даночни услуги“.

Како професионална институција која ги следи потребите на даночните обврзници, Управата за јавни приходи изготви видео-корисничко упатство (види линк https://youtu.be/dgra2ULgvgI). Упатството е визуелен водич кој ги објаснува сите чекори потребни за навремено подигнување и инсталирање на кодот за идентификација со кој ќе може да се поднесат пресметките за плата за месец март.

Даночните обврзници кои имаат потреба од поддршка при процесот за инсталирање на кодовите да се обратат на контакт лицата назначени од Управата за јавни приходи.

Приоритетната цел на Управата за јавни приходи е да обезбеди професионална, навремена и квалитетна услуга за даночните обврзници, со што ќе им го олесни процесот и ќе ги води низ него чекор по чекор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво
Следна Статија ЕК изгласа царини од 25 отсто за американските стоки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дел од цигарите поскапеа за 10 денари

Дел од цигарите поскапеа за 10 денари, а трговците очекуваат поскапување и на другите. Производителите велат дека го прават поскапувањето…

September 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна средба со Советот на странски инвеститори. На состанокот во Стопанската комора ќе се…

March 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Новата пруга ќе ја пуштиме во употреба со нови возови и реконструирани железнички станици

Новата брза пруга ќе почне да се гради оваа есен или зима и ќе биде готова за пет години од…

June 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

САД ни воведе 33 отсто царина, Владата смирува, а експертите велат дека ќе има мал индиректен ефект

Соединетите Американски Држави воведоа 33 отсто царина за македонските производи, а Владата смирува и порачува дека нема потреба од никаква…

April 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?