Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: Поддршка за поднесување на ДДВ-04 пријави, рокот е до 25 април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Поддршка за поднесување на ДДВ-04 пријави, рокот е до 25 април
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Поддршка за поднесување на ДДВ-04 пријави, рокот е до 25 април

Објавено April 22, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи како одговор на барањата на сметководителите и даночните обврзници презема активности со цел обезбедување поддршка за брзо решавање на технички и административни прашања при користење на системот за е-Даночни услуги, како поддршка во процесот на поднесување на ДДВ-04 пријавите. Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови, соопштија од УЈП.

Процесот на поднесување на ДДВ – 04 пријавите, како што посочуваат од УЈП, се одвива непречено и заклучно со вчерашниот ден од очекуваните 40.885, вкупно 12.202 даночни обврзници поднеле ДДВ-04 пријави, што претставува близу 30 отсто од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ-04 пријави.

Од УЈП апелираат даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави за овој даночен период, а сè уште не ги поднеле истите, уште денеска да ја достават потребната документација до сметководителите со цел до законскиот рок 25 април 2025 година (петок) да ги исполнат своите даночни обврски.

-Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите, велат од УЈП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата
Следна Статија Судот реши: Асмир Јахоски, газдата на компанијата „Пуцко Петрол” останува во притворот во Шутка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клучни анализи на Вол Стрит: Големите технолошки компании под лупа

Преглед на најновите препораки и проценки на водечки финансиски аналитичари

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување

Владата планира изградба на нови експресни патишта со цел поквалитетно регионално поврзување – најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар…

February 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Почнува примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики, глоби до 20.000 евра

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) од денеска почнува со спроведување во пракса на казнените одредби од Законот за забрана…

January 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки

Со капацитет за скенирање стотици поштенски пратки во минута со помош на вештачка интелигенција, скенер поставен во Царинска испостава Пошта…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?