Вицепремиерот за политики за добро владеење Арбен Фетаи денеска во изјава за медиумите рече дека како коалиција Влен очекуваат на местото на прв вицепремиер да дојде Беким Сали, а исто така да го добијат и министерското место за животна средина, две функции што ги извршуваше Изет Меџити.
– Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да предложиме едно име плус, министер за животна средина. Верувам дека оваа недела ќе седнеме со премиерот како мандатар, најдоцна до утре, и ќе најдеме заедничко решение, изјави Фетаи.
За реакцијата на Влен кон министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со настанот во Тетово, Фетаи рече дека министерката сама се обратила до јавноста и се извинила за, како што посочи, моменталната реакција“.