Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување 
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување 
ЗДРАВЈЕ

ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување 

Објавено July 9, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото на родителство како фундаментално човеково право. Воведуваме јавно финансирање, наместо катастрофални трошоци за граѓаните, и ја симнуваме стигмата од оваа тема, рече денеска Рашела Мизрахи, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, нешто што досега беше незамисливо за многу семејства.

Правиме чекор напред кон достоинствен пристап до ин-витро оплодување. Чекор кон здравство што не исклучува, здравство посветено на секој еден. Со измените на законот за здравствено осигурување, храбро се исправиме пред еден длабоко личен, често тивок, но болен проблем. – Неплодноста. Зборуваме за надеж. За живот. За семејство. Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, нешто што досега беше незамисливо за многу семејства. Законските измени, предложени од страна на парламентарното мнозинство, отвораат ново поглавје за илјадници граѓани кои со години се борат со неплодноста, рече Мизрахи.

Потсети дека претходно, само првите три обиди за ин витро беа покривани од државата.

Но реалноста покажува дека често се потребни повеќе. Медицината не е универзална формула – таа е индивидуален пат. И ние како држава мораме да го препознаеме тоа. Проширување на бројот на обиди за ин-витро од 3 на 6, покриени од Фондот. Вклучување на различни типови на БПО процедури, вклучително и: со сопствени (автологни) репродуктивни клетки, со донорски (алогенеични) ембриони, јајце-клетки или сперма. Се воведува и поедноставена електронска процедура за поднесување барања. Подобрен административен и професионален надзор – со скратување на времето за одлучување од страна на Фондот и јасна жалбена постапка. Ова е реформа што враќа надеж. Ова е реформа што раѓа живот. Како пратеник, горда сум што стојам зад ваква политика. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со вакви храбри чекори, рече Мизрахи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Eвропскиот парламент го усвои извештајот за Македонија без „македонски јазик и идентитет“
Следна Статија Џамбаски: Отпаднаа сите текстови во кои стоеше „македонски јазик и идентетитет“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Повлечени илјадници тегови путер од кикирики поради потенцијални страни материјали

Прехранбените власти издадоа предупредување за повлекување на производите заради безбедносни причини

February 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Мицкоски: Локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар. Тој денеска…

November 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Прилепската болница доби донација: Нов ехо апарат за скрининг на колковите кај доенчињата вреден околу 16 илјади евра

Ортопедското одделение при прилепската општа болница доби нов ехо апарат за рано откривање на развојно нарушување на колковите кај доенчињата.…

July 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Позитивната листа ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови

Позитивната листа на лекови ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови, најави денеска на прес-конференцијата министерот за…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?