Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФЗО: Доктор Кузмановски има активен факсимил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ФЗО: Доктор Кузмановски има активен факсимил
ЗДРАВЈЕ

ФЗО: Доктор Кузмановски има активен факсимил

Објавено October 14, 2025 18:36
Сподели
Сподели

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека според нивната електронска евиденција, доктор Игор Кузмановски, разрешениот директор на Клиниката за неврологија, во здравствениот регистар е евидентиран како специјалист по неврологија со факсимил број 712680 и дека истиот е активен во рамки на договорот за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, склучен меѓу ФЗО и Универзитетската клиника за неврологија.

Факсимилот со број 712680, согласно евиденцијата на Фондот, е активен од 1 април 2010 година, со еден прекин во април 2018 година поради користење неплатено отсуство. Одобрението за издавање на овој факсимил е дадено врз основа на официјално доставен список на лекари вработени во здравствената установа, потврден и заверен од страна на Клиниката за неврологија. Истиот е доставен согласно активниот договор од 2020 година со важност до 2028 година. Воедно, согласно член 3 од договорот склучен меѓу ФЗО и Клиниката за неврологија „обврска на здравствената установа е да обезбеди стручен кадар кој ги исполнува условите утврдени со актите на Министерството за здравство, меѓу кои и условот лекарите да поседуваат важечка лиценца за работа“, стои во соопштението.

Според актуелната постапка за издавање одобрение за факсимил, која се применува при склучување договори со јавни и приватни здравствени установи, неопходно е да се доставуви барање од самата установа, придружено со важечка лиценца за работа издадена од соодветната комора и заверена на нотар. Со оваа процедура, Фондот го утврдува правото на издавање факсимил во согласност со законските прописи и достапната документација. Фондот на 15.11.2024 година се обрати до Комората за електронско поврзување за преземање на сите активни лиценци, со цел превенција од незаконско работење и фалсификување на лиценци. До ден денешен, Лекарската комора не одговори на барањето. ФЗО останува доследен во примената на законските прописи, во секое време подготвен за соработка и транспарентна комуникација со медиумите и јавноста, се наведува во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пелегрини: Ја критикувам ЕУ дека постојано ви се поставуваат нови услови, интеграцијата на земјата не треба да се злоупотребува со политички спорови
Следна Статија Целосно реновиран болнички оддел на ТОАРИЛУЦ според највисоки стандарди, ќе се реновира и КАРИЛ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Чибишев: Европски држави нудат помош за рехабилитација на повредените во Кочани

Некои од настраданите во Кочани кои го напуштија болничкото лекување, се јавуваат на Клиниката за Токсикологија, жалејќи се на вртоглавици…

April 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Докиќ: Со спречување на пасивното пушење ќе се придонесе за поздрава нација

Со спречување на пасивното пушење, значително ќе се намали бројот на несакани здравствени последици што можеби не се веднаш видливи,…

January 13, 2026
ЗДРАВЈЕ

Македонецот д-р Иво Бошкоски воведе револуционерна метода за слабеење во болницата „Џемели“ во Рим

Тетовецот Иво Бошкоски, кој со години гради успешна кариера како доктор во Италија, е пионер во медицинскиот третман на прекумерната…

August 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?