Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности
ЗДРАВЈЕ

ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности

Објавено December 26, 2025 13:12
Сподели
Сподели

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли кај приватни здравствени установи, матични гинеколози при што утврдиле дека кај 26 од 49 немало никакви неправилности. Клучните наоди покажале дека неуредност, (збирно утврдени неправилности од ФЗО и/или УЈП), имало кај 23, само од ФЗО кај 3, само од УЈП кај 11 и од двете институции, кај 9 установи.

Генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски на прес-конференција информираше дека ФЗО има склучено договор со вкупно 149 приватни здравствени установи (ПЗУ) за вршење на примарна здравствена заштита во дејноста гинекологија – матични гинеколози.

– Во ноември 2025 година извршени се заеднички контроли со Управата за јавни приходи (УЈП) во 49 ПЗУ (33% од вкупниот број договори). Контролите се извршени поради зачестени претставки од осигуреници. Заедничка контрола на ФЗО и УЈП за последен пат е направена во 2012 година. Целта на контролите е проверка на придржување кон договорните обврски, особено кон одредбата дека: „Прегледот, ЕХО, колпоскопијата, земањето на брис за микробиолошко и цитолошко испитување (за ПАП-тест), како и сите други дијагностички и терапевтски процедури кои се согласно медицина заснована на докази кај избраниот лекар не се наплатуваат“, појасни директорот.

Клучните наоди покажале дека неуредност, (збирно утврдени неправилности од ФЗОРСМ и/или УЈП), имало кај 23, само од ФЗОРСМ кај 3, само од УЈП кај 11 и од двете институции, кај 9 установи. Утврдени биле неправилности кај 12 ПЗУ, главен тип на неправилност од ФЗОРСM, наплата на дополнителни средства од осигурени лица (кај 8 ПЗУ) и неуредна евиденција (кај 5 ПЗУ). Од УЈП утврдени биле неправилности поврзани со фискализација кај 20 ПЗУ, со изречени глоби.

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, појасни дека во рамки на заедничките контроли на УЈП и ФЗО во приватни здравствени установи од областа општа гинекологија, УЈП извршила контроли кај 46 приватни гинеколози.

– Кај 35% односно 16 установи утврдивме неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет и веднаш беа изречени прекршочни санкции. Сакам јасно да потенцирам, иако здравствените услуги се ослободени од ДДВ, а најголем дел од овие установи плаќаат симболичен годишен данок на вкупен приход од 1% или се целосно ослободени, тоа не значи дека неевидентирањето на прометот е без даночен ефект, истакна таа.

Напротив, подвлече, неевидентирањето на приходите остава простор за нивно користење како неоданочени лични примања, стекнување личен имот од неоданочен доход, како и за плаќања на набавки во готово што директно ја храни сивата економија.

– Оваа пракса го поткопува системот, создава нефер предност на сметка на оние што работат законски, а во поширок контекст прогресивно води до зголемени загуби на јавни приходи. УЈП нема да толерира вакво однесување. Ќе продолжиме со засилени и координирани контроли и други мерки, се’ до целосно усогласување на овие субјекти и постигнување трајна промена во насока на точно, целосно и навремено евидентирање на прометот и приходите од работењето, нагласи Петрова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Злато доживува најдобра година од времето на претседателот Џими Картер
Следна Статија Dow Jones и S&P 500 достигнаа рекордни нивоа пред празниците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до министерот…

April 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ГОРЕЛЕ БАТЕРИИТЕ ИМА ЗГОЛЕМЕНО ПРИСУСТВО НА БАКАР И ЦИНК Анализите на Институтот за јавно здравје покажале дека нема други отстапувања по пожарот во Трубарево

По анализата на резултатите од сите земени примероци по пожарот во Трубарево, може да се заклучи дека нема отстапување од…

September 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Руска вакцина против рак подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,…

September 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Потврден нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврдила нов случај на вирусот Х5Н1 (птичји грип) кај пцовисана дива птица – гуска,…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?