Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Без техничка влада со „Сејф сити“ ќе се следат граѓаните и опозицијата за време на изборниот процес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Без техничка влада со „Сејф сити“ ќе се следат граѓаните и опозицијата за време на изборниот процес
ПОЛИТИКА

Филипче: Без техничка влада со „Сејф сити“ ќе се следат граѓаните и опозицијата за време на изборниот процес

Објавено January 9, 2026 14:15
Сподели
Сподели

Техничката влада е последната линија на одбрана од целосно заробување на слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес – изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, коментирајќи ја одлуката да не учествува на лидерска средба на која повика премиерот Христијан Мицкоски, а на која би се дискутирало за укинувањето на техничката влада што се избира 100 дена пред парламентарни избори.

„Мицкоски е во тесно, му се брза, бара алиби за распишување избори. Не му треба дијалог, туку покритие. Мицкоски и тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ нека си ги распишат сами изборите, очигледно дека се веќе испланирани. Ние нема да бидеме покритие за ова сценарио и нема да учествуваме во легитимирање на овој политички маневар којшто значи само избегнување на одговорност“,изјави Филипче на денешниот брифинг со новинарите.

Лидерот на опозициската партија оцени дека ваквиот процес е забрзан откако САД го донесоа Законот за демократија и просперитет на Западен Балкан во чиј фокус е борба против криминал и корупција. Во оваа смисла Филипче рече дека САД се свесни што се случува на Балканот и дека со ваквиот закон во периодот што следува ќе се видат конкретни активности за справување со коруптивните практики на властите во регионот.

На новинарско прашање дали би учествувале на избори доколку власта ги направи потребните измени во Законот за Влада, односно ја укине техничката влада, Филипче рече дека СДСМ апсолутно би учествувал на избори.

„Да, апсолутно, ќе учествуваме на секакви избори и ќе се бориме со сите демократски средства против оваа недемократска власт. Но, се поставува друго прашање кое произлегува од ова – зошто би ја укинал сам техничката влада ако се знае дека се носи со консензус“,изјави лидерот на СДСМ.

Според Филипче, укинување на техничката влада може да постои само кога нашето општество би било зрело, а не сега кога, како што рече, таа претставува единствена можност за чесни и фер избори. Власта не ја сака техничката влада, зашто, како што оцени, опозицијата ќе има увид во сите злоупотреби и криминали.

Во оваа смисла Филипче го спомна приведувањето на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев кој беше осомничен за корупција во врска со програмите ИПАРД 3, а го посочи и Законот за полиција кој, како што рече, води кон целосна партизација на МВР.

Во контекст на работењето на полицијата, лидерот на СДСМ рече дека доколку има техничка влада, техничкиот министер за внатрешни работи кој треба да биде од редовите на опозицијата, ќе гарантира дека системот „Безбеден град“ нема да се злоупотреби за следење на движењето на поединци од опозицијата со оглед на тоа што, како што рече, системот не е регулиран со ниту еден закон.

„Склоноста на власта кон нетранспарентно носење закони, многу често по скратена постапка, без да се слушнат сугестиите на било кој од чинителите и без да се прифатат, е нешто за што и претходно зборувавме. Така што, техничката влада ќе гарантира некаков институционален баланс“,додава Филипче.

Првиот човек на СДСМ е дециден дека нема да седне на иста маса со премиерот Христијан Мицкоски дури и ако тема на дискусија се реформските закони. Дискусијата за нив, како што рече, ќе се води во парламентот, каде рече дека СДСМ ќе ги поддржи сите закони од реформската агенда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ексклузивно | ЏПМорган Чејс склучи договор за презимање на Apple кредитната картичка
Следна Статија Warner Bros одбива преземање на Paramount и им препорачува на акционерите да се фокусираат на Netflix понудата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димовски: Членство на Албанија до 2030 нема да има – членството на сите земји од Западен Балкан ќе се случи заедно

Одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ, не е важно, бидејќи  дека сите земји од Западен Балкан заедно…

October 18, 2024
ПОЛИТИКА

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил Пулс од казна“, прашува ВМРО-ДПМН

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Османи пред граѓанските организации ги презентираше механизмите за заштита од корупција

Имам предложено три сета механизми. Под 1: „Чаир 48“ што подразбира оперативни механизми, за да станат граѓаните заштитници на јавниот…

August 22, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?

Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Зоран Заев, во време кога беа…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?