Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче сака на лидерска да се разговара за реформите и националните интереси, ќе предложи агенда в понеделник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче сака на лидерска да се разговара за реформите и националните интереси, ќе предложи агенда в понеделник
ПОЛИТИКА

Филипче сака на лидерска да се разговара за реформите и националните интереси, ќе предложи агенда в понеделник

Објавено May 24, 2025 17:17
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека в понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе предложи конкретна агенда составена од најважните точки поврзани со реформскиот пат и националните интереси, за кои најголемите политички партии треба да разговараат на лидерска средба.

„Јасни се пораките од ЕУ. Сите укажуваат дека патот по кој треба да се движиме е јасен. Додека чекаме и не правиме ништо, сè што се случува е само губење на време. Младите тоа го гледаат и го доживуваат како дополнителен стимул за побрзо иселување. Никој повеќе од младите генерации нема да ја гледа својата иднина во Македонија ако не направиме ништо за да го откочиме евроинтегративниот процес и заеднички да работиме на унапредување на многу сфери во нашата земја, што ќе го направи животот подобар и поквалитетен“, истакна Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Филипче рече дека тој и Социјалдемократскиот сојуз често се иницијатори на заеднички средби и разговори за теми од национален интерес, за кои е потребен национален консензус.

Многу пати иницираме и работа на конкретни теми. Инициравме заеднички средби за реформската агенда и за постигнување консензус околу тие прашања“, рече Филипче.

Сепак, и покрај конструктивниот пристап и учеството во работните групи за клучни закони – како што е Законот за енергетика – Филипче смета дека Владата во последен момент поднела амандмани спротивни на европските стандарди.

„За жал, добро започна работата со Законот за енергетика, но во последен момент Владата даде амандмани кои се целосно спротивни на вредностите што ги промовира Европската Унија. Со тие амандмани, во регулаторните тела ќе влегуваат лица кои претходно работеле во индустрии што биле под надлежност на истите регулаторни тела. Тоа не постои никаде во Европа“, оцени Филипче.

„Претседателот на СДСМ очекува продолжување на работата на реформската агенда, особено во делот на правосудството. Тој нагласи дека експертите номинирани од СДСМ ги дале своите мислења за предложените закони, но досега не добиле никаков одговор. Сепак, тој повтори дека СДСМ останува подготвен да работи заеднички за доброто и напредокот на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Воените оркестри на Македонија и Вермонт, САД со заеднички концерт утре во Скопје
Следна Статија Ѓоковиќ ја освои 100. титула во кариерата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Mицкоски: Коалицијата Вреди не го поддржува Дехари за градоначалник во Кичево

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Лукровски: Ќе го решиме проблемот со паркирањето на карпошани со 600 нови паркинг места и ќе ставиме крај на бетонизацијата

Во синоќешното емитување на тема на денот на Сител тв, гостуваше кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Антиевропски е заемот од Обединетото кралство

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја критикуваше Владата за договорот за заем со Обединетото Кралство, оценувајќи го начинот на заем…

May 19, 2025
ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Собранискиот спикер, како…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?