Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет
ПОЛИТИКА

Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Објавено May 31, 2026 14:16
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека дали ќе ги продолжиме преговорите со Европската унија зависи само од власта, која како што вели, тоа очигледно не го сака. Останува на ставот дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет.

– Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта, а од власта очигледно не сакаат. Ги плаши граѓаните дека е загрозен јазикот, идентитетот и не знам која друга идентитетска одредница на македонскиот народ, со цел да не се направи чекорот којшто не носи никаков ризик, а тоа се уставните измени. Така да, билатералните прашања со било која земја членка на Европската Унија не се никаков дел од нашата преговарачка рамка и тоа граѓаните мора да го знаат, изјави Филипче во одговор на новинарско прашање.

Според него, билатералните прашања се решаваат билатерално и никако не можат да влијаат или да го сопрат европскиот пат, односно отворањето и затворањето на кластерите, така како што го поминале секоја една земја којашто се приклучила во Европската Унија.

-Ова е само уште една лага и манипулација на оваа власт, затоа што сакаат исто како и во очи изборите 24-та година да глумат патриоти, дека се тие на браникот на одбрана на националните интереси на државата, што не е вистина. Поради тоа што со тоа што не се продолжува европскиот пат, оваа власт на чело со Христијан Мицкоски националните интереси и иднината на земјата ги загрозува, изјави Филипче одговарајќи на прашањето дали после последните позиции изнесени од властите во Софија СДСМ е сигурна дека уставните измени ќе бидат последно и единствено прашање кое што ќе биде или е поставено од страна Бугарија, но и од Брисел и дали потоа навистина ќе ги почнеме и завршиме преговорите со ЕУ, односно ќе станеме членка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во сирење со декларација од 20% млечна маст имало само 1%, утврдила контролата на АХВ
Следна Статија МВР: Одобрувања за патување на деца ќе се издаваат и во сабота

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Бебе Реџа и косовски политичари го поддржаа денешниот протест на студентите Албанци

а денеска попладне закажан е втор протест на студентите Албанци кои бараат правосудниот испит да го полагаат на албански јазик.…

May 18, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: ДУИ ја злоупотреби нашата поддршка – научивме од грешките

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ отворено призна дека коалицијата со ДУИ во изминатите години сериозно…

December 2, 2024
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Време е за нова приказна во Скопје

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, одржа отчет за својата четиригодишна работа и ги претстави реализираните проекти, нагласувајќи дека општината…

September 25, 2025
ПОЛИТИКА

Заев за Села: Дај боже да не е човеков ваков од пресилните удари од 27 април

Ќе искористам една реченица која ја прочитав неодамна – Македонија е остров на рационалност, ама и океан на лудило и…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?