Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Економската состојба во државата е алармантна, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарда евра на крајот на годината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: Економската состојба во државата е алармантна, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарда евра на крајот на годината
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Економската состојба во државата е алармантна, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарда евра на крајот на годината

Објавено October 15, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција изнесе алармантни податоци за состојбата на буџетот. До крајот на 2025 година според статистичките бројки во буџетот ќе недостигаат 1,4 милијарди евра.

„Се наоѓаме на само 75 дена пред крајот на 2025 година, а буџетската рамка, која е дефинирана од приходите и расходите во буџетот, покажува загрижувачка слика: Имено до денес, приходите се реализирани со 70,78% или 256,5 милијарди денари. Во исто време, расходите се на ниво од 72,82%, односно речиси 294 милијарди денари. Ова значи дека со вакво темпо, а тоа е за очекување, на крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра за да се покријат сите трошоци. Тоа е фрапантна буџетска дупка. Ова значи дека сите овие пари ќе треба да се покриваат со задолжување, со нови оптоварувања за бизнисите и граѓаните, или со кратења кај најважните јавни услуги. Ја прашувам власта, што планира да прави и како ќе ги покрива овие 1,4 милијарди евра?“

Филипче како што рече економската состојба во државата е алармантна поради што чувствува должност и загриженост да ја објави вистината пред граѓаните наспроти пораките за економски „успеси“, кои власта ги зборува на митинг.

„Во време кога премиерот Мицкоски од митинг на митинг зборува за економски „успеси“, должност ми е да зборувам за реалноста и да ги информирам граѓаните за реалната економска состојба. Во изминатите 15 месеци постојано алармиравме дека економијата и економските политики на оваа власт се многу погрешни, а реализацијата на проектите е историски најслаба. Денес тоа што го зборувавме го потврдуваме со реални економски индикатори, факти и бројки. Овие податоци укажуваат на алармантна состојба со буџетот, со приходите, со инвестициите и реализацијата на капиталните инвестиции, како основни индикатори за економската состојба во државата“, рече Филипче на денешната прес-конференција

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Секој твој глас, секоја твоја борба, секој твој ден е дел од големата приказна што ја пишуваме заедно
Следна Статија Николоски: По локалните избори ќе нема предвремени парламентарни, туку расчистување во судството и обвинителството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Никогаш нема да бидат заборавени: Одбележани 82 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Осумдесет и две години од стрелањето на 12 младинци, за време на Втората светска војна, беа одбележани денеска во месноста…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се појави Ден Дончев, ама само на „Фејсбук“, навива за Ѓоковиќ на Австралија опен

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, потсети дека е жив, здрав и во добро расположение објавувајќи поддршка на…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Опожарени два контејнери во Дебар Маало

Пред неколку часа, непознати сторители опожариле два сада наменети за одлагање комунален отпад во скопската населба Дебар Маало. Контејнерите се…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска иницира постапка против поранешната министерка за култура за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?