Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава
ПОЛИТИКА

Филипче: Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава

Објавено January 17, 2026 15:07
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска соопшти дека секојдневно е предмет на јавен линч преку „груби лаги“, постојана црна кампања и манипулации и најави тужба за клевета за, како што рече, наредбодавачите и извршителот и го повика Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава.

„Секој ден сум предмет сум јавен линч, црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 ката, Сент Морис. Пред некој дури ме споредија дури и со Џими Џонс убиец на 300 деца. Вчера отидоа до таму да преку Жан Митрев за кој како лекар не може да кажам што мислам. Претераа, ова ги поминува сите можни граници.

Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот. Го повикувам Жан Митрев нека отиде кај обивинител да поднесе кривична пријава, ако смее, па да одговара по кривичен законик. Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета“, рече Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Обвини дека власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја поминало секоја граница. Истакна дека нема одговор на вистинските прашања, како за дупката во буџетот од 2 милијарди евра, за тоа што нема пари за да се зголемат платите и пензиите, за мигрантите, за црниот капитал преку АЛТА банка, за корумпираните тендерски постапки насекаде во државата, дека луѓе од врвот од Владата се среќаваат со „Ноќни волци“ блиски до Путин…

– На граѓаните им е потребен подобар живот, повисок стандард, повисоки плати, повисоки пензии, добра иднина, пат кон Европа и за тоа треба да зборувме, рече Филипче.

Жан Митрев вчера во емисијата Вечерно шоу на Богдан Илиевски изнесе тврдење дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, за време на судскиот процес што се водеше против д-р Митрев.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумпција на невиност за сите постапки
Следна Статија „Еурактив“: По Гренланд – на ред е Исланд?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ откри дел од кандидатите за локалните избори – меѓу нив не е Костадинов!

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори.…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Билал Касами: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани

Дел од лидерите и раководни структури на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ денеска на градскиот плоштад во Тетово имаа…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев во одбрана на картелот, медицинската марихуана како параван за организиран криминал

Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во…

February 9, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Вториот вработен во фирмата со тендри од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата за прислушување

Почитувани, продолжуваме со разоткривање на криминалните тендерски шеми на власта на Мицкоски. Денеска јавноста ќе слушне кој друг е поврзан…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?