Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки
ПОЛИТИКА

Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

Објавено June 18, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и лоши пораки и дека Мицкоски признал дека ништо не направил, ама „допрва ќе работел“.

„Добро е што Мицкоски сфатил дека народот има очи да гледа и памет да размислува. Свесен е дека не му поминуваат лагите кои четврта година како локална власт и една година како апсолутна централна власт ги кажува. „Најдоброто допрва доаѓа“ е најлошиот слоган за кампања и потценување на интелигенцијата на граѓаните. Што е тоа што „допрва ќе дојде“? Не беа доволни четири години локална власт и една година централна власт за да направите нешто?“, вели Филипче.

Според него, срамно е Мицкоски да зборува за правда.

„Направи сè за да ги скрие од одговорност неговите луѓе кои се директно одговорни за најголемата трагедија во историјата на модерна Македонија. Луѓе кои биле финансиери на партијата, но за тоа ќе слушнат граѓаните од утре, исто како што ги објавивме оние кои ги криеја со месеци.

Мицкоски зборува за раст на економијата. Јас не верувам дека постои барем еден човек надвор од неговото опкружување што верува во оваа приказна. Според Евростат, Македонија е земја со најлош животен стандард во Европа. Стагнираат платите, дивее инфлацијата, државниот долг е зголемен за 7 милијарди евра. За цело ова време Владата се луксузира со приватни авиони, јаде папаја и манго, се шета по најскапите хотели во светот.

Сакам да го прашам Мицкоски, каде е тужбата за „Бехтел и Енка“? Сега дури и Трајко Славески најави дека ќе се зголеми трошокот за тој проект за 700 милиони евра, од 1.3 милијарди како што беше договорено на 2 милијарди евра. Кој се „вгради“ со проценти во овој договор?“, прашува Филипче.

Тоа што Мицкоски пробува да воспостави авторитарна диктатура во Македонија и тоа што на меѓународна сцена беше откриена таа негова намера, додава лидерот на СДСМ, не е „кодошење“ туку патриотизам – ВМРО, НОБ и АСНОМ се генеза на борци против диктатура, авторитарни режими и врховисти.

„Да се биде авторитарен значи да се биде врховист, а никако патриот. Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство кое може еден Македонец да го направи. За крај, ВМРО-ДПМНЕ е четири години власт во Битола. Се прашувам, нели му беше непријатно на Мицкоски да се вози по дупките до „Хераклеја“ и џунглата околу локалитетот која со години не е средена“, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лажна банкарка во Хрватска измамила повеќе лица и им украла над 1,5 милиони евра
Следна Статија Мицкоски ги предупреди функционерите: Не заборавајте од каде доаѓате, удобните фотељи ќе ги замените со клупа пред кооперација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре. Целиот план е осмислен пред две недели, кога власта…

December 28, 2025
ПОЛИТИКА

Левица: Трипуновски ги етикетира земјоделците за да си ја спаси фотелјата – бараме итна оставка

Политичката партија Левица упати остри критики до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, обвинувајќи го за ароганција и…

April 10, 2026
ПОЛИТИКА

Пратеникот Сулејмани од Алијансата поднесе оставка

Пратеникот Салим Сулејмани ја извести јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците, како и од…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за внатрешни работи,…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?