Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Идната година ќе ни биде уште потешка, ќе имаме сериозна криза!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Филипче: Идната година ќе ни биде уште потешка, ќе имаме сериозна криза!
Blog

Филипче: Идната година ќе ни биде уште потешка, ќе имаме сериозна криза!

Објавено December 26, 2025 13:13
Сподели
Сподели

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, им порача на граѓаните дека оваа 2025 година била тешка, но таа што доаѓа ќе биде уште потешка и дека ќе има сериозна криза во државата. Според него, компании веќе се затвораат бидејуи немаат поврат на ДДВ, а долгот на државата кон стопанството е една милијарда евра, поради што власта го затвора трезорот.

–Трите денари покачување на струјата ќе повлечат поскапување на сите други продукти. Следи бран на огромни поскапувања на цените за се, меѓу кои и за елементарни намирници ,како леб млеко, јајца. Притоа нема најава за зголемување на платите. Мислам дека ќе имаме многу кризна година при што ќе треба да се задолжиме најмалку две милиајрди евра, пари кои ќе се трошат тековно, а не за инвестирање. Граѓаните ќе живеат посирамашно, нема да има раст кај странските инвестиции и прашањето сега нема да биде колку ќе дојдат, туку колку ќе си заминат, рече Филипче.

Според него, нема ништо што значи раст во државата, нема капитални проекти, нема инвестиции, а илјадници работници останале без работа.

-Нема прогрес, нема поле за натпревар, младите се во тотална депресија, рече Филипче посочувајќи ја одговорноста во политиката на владата за која рече дека нема визија и се однесува како антидржавен елемент. За да направи разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Филипче рече дека поддршката за СДСМ значи етаблирање систем, а не етаблирање на еден лидер, мислејќи на премиерот Христијан Мицкоски кого претходно го нарече „Мал Вучиќ“ бидејќи ја имитира политиката на српскиот претседател.

-Во Србија еден човек ја преставува целата политика и партија, а тоа се обидува да го копира и Мицкоски. До таа мерка е поделено општеството, што дијалог не е можен“, рече Филипче.

И процесот кон ЕУ, смета Филипче, е запрен за да се прави криминал и корупција.

-Оваа влада, поддржана од претседателката, има некакви барања кон ЕУ кои очигледно не можат да се исполнат.Всушност се бараат само изговори земјата да се држи изолирана од ЕУ, рече Филипче додавајќи дека се наметнува повторно проблем со Бугарија што е завршена работа, а договорот е само механизам што ќе не внесе во Унијата. Во суштиина, рече тој, целта е да нема реформи и да цветаат криминалот и корупцијата.

Тој ги коментираше и измените на Кривичниот законик што се во процедура од неодамна, соопштувајќи дека се анализираат во моментов во СДСМ поради впечатокот дека во нив има простор да се амнестираат од одговорност официјални лица.

-Ако се обидат да направат такви измени со кои ќе се обезбеди амнестија за функционери ние силно ќе се спротивставиме, најави Филипче. На прашањето ќе има ли со нив поголема амнестија од таа пред две три години, повторно призна дека тогашните измени направени од тогашната влада на СДСМ биле катастрофално лоши, а тој не бил дел од тоа.

-Во оваа борба за правда во државата никој нема да не запре.Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Борбата е почната, крајот се гледа, а секој замешан во корупција и криминал ќе одговара, порача лидерот на СДСМ.

Тој оцени исто така дека клучните закони од правосудството се носат набрзина и само делумно се исполнуваат барањата на Оценската комисија на ЕК. Притоа тој соопшти дека секојдмевно нивниот Антикорупциски тим добива пријави од граѓани, па и од блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои се обесхрабрени од тоа што го гледаат. Токму објавувањето на тие афери , смета Филипче, е причина што ВМРО-ДПМНЕ ја активираше пропагандата машинерија на која саркастично и одаде ризнание, бидејќи работела деноноќно да го дестабилизира СДСМ.

-Не избираат сретства да не замолчат. Се ова е организирано од ВМРО-ДПМНЕ . Тие се налогодавачи и финансиери, а во позадина финансиер на сето тоа е Алта банка на која ЕУ не и одобри влез поради сомнително потекло на капиталот, а дојде тука во Македонија. Според него таа пропаганда се прави заради дефокус во јавноста ( со јахтите, зградите во Дубаи и слично) и сега се оди чекор натаму, стимулирајќи нивни бивши членови да кажуваат дека има проблеми внатре во СДСМ. Наше е, рече Фиолипче, да ги разобличиме лагите и да им кажеме на граѓаните каде води сето тоа – до раслојување на опозицијата, до слабеење на институциите и до преземање целосно на власта.

На прашањето на новинари дали има контакт со пребеганите функционери на СДСМ на кои им се суди за корупциј,а како Васко Ковачевски ,тој рече дека нема контакт и не знае кај е.

-Било кој, за кого има сомнеж за криминал треба да се врати во земјата и да се соочи со правдата. И, нека го повика Мицкоски и Груевски да се врати исто така и да им даде пример, рече Филипче, нарекувајќи ги невистина и „кујна“ обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека заедно со екс премиерот Зоран Заев градат зграда во Дубаи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Dow Jones и S&P 500 достигнаа рекордни нивоа пред празниците
Следна Статија Еден среќен добитник го освои џекпотот од 1,8 милијарди долари на Божиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Германците направија ново чоколадо: Нема какао

Компанијата Kaufland, во рамките на својот приватен бренд K-Classic, го претстави првото чоколадо без какао. Производите се создадени со ChoViva,…

May 22, 2025
Blog

Финансискиот свет се прашува дали Бафет се подготвува за пензија, собра рекордна сума на готовина

Готовината и државните акции на Беркшир Хатавеј, контролирани од еден од најголемите светски претприемачи, Ворен Бафет (94), достигнаа рекордни 334…

February 25, 2025
Blog

Биткоинот урива рекорди по проценката дека Трамп победува на изборите во САД

Биткоинот ја достигна највисоката вредност во својата историја на изборната ноќ во САД, по најавите дека Доналд Трамп победил на…

November 6, 2024
Blog

Адидас и Најк во битка за американскиот пазар, германската компанија сака поголем удел

Германскиот производител на спортска облека „Адидас“ сака да добие поголем дел од американскиот пазар за сметка на актуелниот лидер на…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?