Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Објавено May 5, 2025 11:19
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Филипче порача дека македонскиот јазик е коренот на идентитетот и нашиот најсилен меѓународен промотор.

„Македонскиот јазик е нашиот код, коренот на нашиот идентитет. На овој ден им оддаваме должна почит на сите создатели на македонскиот литературен јазик. Денес, македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите нации и во Европската унија. Тоа е резултат на посветена државна политика и јасна визија. Владата на СДСМ, токму денешниот ден го прогласи за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, македонскиот јазик е вграден во европското законодавство и поставен рамо до рамо со сите европски јазици“, вели Филипче.

Наша обврска и на сите идни генерации, додава тој, е да го чуваме и негуваме нашиот македонски јазик, не затоа што мораме, туку затоа што знаеме што значи да го имаш својот глас во светот.

„Како што велеше Блаже Конески: ‘Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината’“,порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Вориорс го елиминираа Хјустон, Индијана го изненади Кливленд
Следна Статија Професор има радикален план да ја подигне Венеција за 30 см: Тоа би му дало на градот грејс период од 50 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (04.11.2024) во Клубот на новинари учествуваше на заедничка прес конференција организирана од Здружението…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонските државјани во Кина ќе патуваат без визи

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

СДК: Не сакаат да бидат овчари ни за 2.000 евра

Во најнеопходната сезона на одгледување на овците, пред и по нивното прво и второ објагнување, или во период од шест…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Повеќе од половина македонски граѓани би прифатиле брак со лице од друга етничка заедница

Во периодот од 1 до 4 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?