Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Македонскиот јазик е официјално признат во ЕУ, тој никако не е загрозен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: Македонскиот јазик е официјално признат во ЕУ, тој никако не е загрозен
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Македонскиот јазик е официјално признат во ЕУ, тој никако не е загрозен

Објавено May 5, 2026 14:30
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција по повод Денот на македонскиот јазик, истакна дека јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во Европската Унија потпишан на чист македонски јазик, оценувајќи дека Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања, намерно создавање паника и лажно бранење на идентитетот.

– Јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во ЕУ потпишан на чист македонски јазик, без фусноти, без објаснувања, без ѕвездички. Во преспанскиот договор во 2018 година експлицитно е наведено дека македонскиот јазик е дел од јужнословенската група јазици и е признат уште во 1977 година од Обединетите нации. Во Европската Унија македонскиот јазик е официјално признат во преговарачката рамка. Во Обединети нации и во сите други меѓународни организации и секако билатерални договори. Македонскиот јазик не е на продажба и тој не е никако загрозен – рече тој.

Според него, премиерот Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања, намерно создавање паника и лажно бранење на идентитетот.

– Зошто го прави тоа? Затоа што му треба изговор. Нема ниту една реформа, нема мерки за граѓаните, нема буквално ниту еден резултат. И во исто време кампања на медиумите под контрола на Орбан против СДСМ затоа што ние ги поддржуваме европските интеграции. Наративот повторно е ист. Предавници. Па сега кога граѓаните ќе го слушнат ова, нека се сетат на неговите ветувања дека ќе го укинеше преспанскиот договор, дека ќе го враќаат името. Толку од предавниците и нивната кампања да се прикажат така. И затоа мора постојано да создаваат вештачки проблеми, да го блокираат европскиот пат и да ја претворат Македонија во слепо црево на Балканот. Најсвежиот пример метежот на границите со новата мерка од Европска Унија, рече Филипче.

Според него, наместо МНР да се обиде да го реши проблемот за луѓето кои патуваат надвор, премиерот порачува летувајте во Македонија на наши езера и планини.

-Исто како што лажеа за камионџиите, сè е решено. Па сега истото го прават и за сите граѓани. Министерот разговарал со некаков оддел и толку. Толку за сериозна европска политика. Премиерот не решава проблеми, тој ги создава. Македонскиот јазик и идентитет никако и од никого не се загрозени. Се уште не е формирана влада во Бугарија, а Мицкоски веќе најави заострување на односите и дека немало да има напредок. И затоа започна нова кампања за создавање вештачки конфликт со Бугарија, за да може потоа да објасни дека нема напредок во европските интеграции поради Бугарите, а не поради неговата неспособност и одбивањето да ги исполни реформите, рече тој, додавајќи дека за две години нема решено ниту една точка од Реформската агенда.

Филипче истакна оти не е решена ниту првата и клучна точка, а тоа е внесувањето на малцинствата во Уставот. -И притоа јасно кажува нема отстапки ни милиметар. Малцинствата во Уставот не се бугарско прашање. Тие се европско прашање. Затоа што не се внесуваат само Бугарите, се внесуваат и други малцинства. И сето тоа се елементи за правење намерен конфликт за да не продолжат реформите и да не продолжи интеграцијата, додаде Филипче.

На новинарско прашање како ќе го искоментира и официјалниот став на Бугарија дека пред 44-та не постоел македонски јазик и нација, тој одговори дека поради нечии размислувања не треба да се чувствуваме поинаку.

-Како вие се чувствувате, како Македонец? Како Бугарија ви го загрозила идентитетот? Еве кажете како ви го загрозила. Дали вие поради нечии размислувања и така натаму се чувствувате поинаку? Значи ако има бугарско малцинство, сосема е различно од македонскиот народ. Ако имаме договор потпишан на македонски јазик од сите земји членки на ЕУ, значи јазикот не е загрозен. Зашто не им ја оставиме историјата нека ја дебатираат историчарите, ние да гледаме во иднината? Престанете со оваа пропаганда. Антиевропска е пропагандата, немојте да ја спроведувате пропагандата, рече тој.

Според него, ако во меѓувреме се отворат преговорите и притоа ништо не е загрозено, и се дојде до европските фондови и продолжиме напред, натаму нека дебатираат историчарите.

-За некои работи не мора да се договориме. Меѓутоа никој од Европа нема да дозволи блокирање на непринципиелна основа. Никој. И тогаш ќе седиме на европската маса со сите европски земји и тогаш сите ќе гледаат. Значи не ширете пропаганда, оваа пропаганда да се идентификуваат внатрешни непријатели, надворешни непријатели е само за да се најде изговор од страна на премиерот за да нема напредок, оцени Филипче одговарајќи на новинарско прашање

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЈП: Над 860 илјади граѓани добија однапред пополнети даночни пријави за 2025 година
Следна Статија Известувач на ОН во посета на Грција: Израел нема право на одбрана, но Хамас може да напаѓа непречено

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бајрами ангажираше адвокат, полномошното го добил преку роднина

Поранешниот директор на Државната Лотарија, Прпарим Бајрами, за свој застапник пред судот го одбрал адвокатот Антонио Апостолски од Скопје. Вчера…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина

Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае, и тоа не по македонска вина - нагласи претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ…

March 24, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче од Радовиш: Со градоначалните на ВМРО-ДПМНЕ општините се запуштени, граѓаните разочарани

После четири години од мандатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, општините се запуштени, граѓаните разочарани – посочи претседателот на СДСМ, д-р…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски за евроинтеграциите: Да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери

Нашиот пристап е да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери во делот на…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?