Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Меркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото е многу задоцнета
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Меркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото е многу задоцнета
ПОЛИТИКА

Филипче: Меркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото е многу задоцнета

Објавено March 22, 2026 17:42
Сподели
Сподели

Меркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото од 18 на 10 проценти е многу задоцнета и далеку од доволна и нема да придонесе да се намалат цените на горивата, изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, коментирајќи ја одлуката на Владата за заштита на стандардот на граѓаните по зголемувањето на цените на нафтените деривати поради војната на Блискиот Исток.

Имајќи предвид дека утре се очекува ново зголемување на горивата, додаде, граѓаните утре и следната недела нема да видат вистинско намалување на цените на горивата, туку се очекува горивото да се зголеми за дополнителни четири до шест денати, согласно новата пресметка на цената.

-Досегашните покачувања на цените ги чинеа граѓаните некаде околу 4,5 милиони евра. Се поставува прашањето што чекаше премиерот (Христијан) Мицкоски три недели. Се поскапе затоа што не реагираше навремено, рече Филипче на прес-конференцијата. Додаде дека за овие три недели се дозволи активирање на раст на спиралата на цените на сите производи, најмногу на храната. Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата 300 денари, зеленчукот и овошјето над сто денари за килограми.

Забележа дека Владата нема мерка за намалување на цените на храната, и оти овие цени кога еднаш ќе се покачат повеќе нема да се вратат назад. Според Филипче, Мицкоски пред граѓаните излегол само со една половична мерка, а во изминатиот период Владата се занимавала со дефокус од вистинските проблеми и напади кон него и одбила да ги зголеми платите. Смета дека во овој момент треба да се заштити стандардот на граѓаните, а не бизнис интересите.

Треба, како што кажа, да се намалат акцизите за горивата и ДДВ-то за храната, да се направат пакети за најранливите и за земјоделците, а најреален ефект што граѓаните и стопанството ќе го почувствуваат е да се прифатат нивните предлог закони и мерки. Филипче рече дека исто така треба да се забрани граѓани од странство да точат гориво кај нас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанец ја фрлил сопругата по скали во семејната куќа
Следна Статија Мицкоски: Електро-енергетскиот сектор стабилен, единствен предизвик цената на мазутот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Филипче додека зема народни пари има обврска да дава отчет каде ги троши истите

Довчерашниот државен функционер и денес претседател на СДС, Венко Филипче иако плата земаше од пари на народот како министер, а…

November 4, 2024
ПОЛИТИКА

Во Неготино до 18.30 часот гласале 54.31 отсто од избирачите

Во Неготино до 18.30 часот гласале 54.31 отсто од избирачите, изјави Елизабета Камчева, претседателка на Општинска изборна комисија. Во избирачкиот…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски за Таравари: Во политиката не може да седите на две столчиња

Во политиката не може да седите на две столчиња, или можете да соработувате со власта и да се залагате за…

April 25, 2025
ПОЛИТИКА

Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“

Претседателот на Собранието Африм Гаши во објава на Фејсбук пишува дека останува во коалицијата „Влен“ демантирајќи ги информациите објавени во…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?