Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по завршувањето на локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по завршувањето на локалните избори
ПОЛИТИКА

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по завршувањето на локалните избори

Објавено October 26, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини.

-За мене во изминатата година и пол после таков тежок пораз лани, после интензивна работа, сега овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период, затоа што очигледно е дека потребно посебно во тие општини каде што не го постигнавме посакуваниот резултат да продолжиме со интензивна работа. Во тој контекст најавувам политички-кадровски промени во раководството после изборите за што ќе бидете известени, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања.

Филипче кажа и дека се соочувале со притисоци пред гласањето, во општините каде што имаат нивни кандидати за градоначалници, како што рече, во вид на финансиски контроли, преку центри за социјална работа, нудење пари за гласови и за сето тоа ги известиле надлежните институции и оти поради тоа работеле во тешки околности.

Лидерот на СДСМ од Аеродром ги повика жителите на таа општина во вториот круг да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник Александар Трајановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претепан доставувач на храна во центарот на Скопје – причината банална
Следна Статија Пијан возач поминал на црвено и убил цело семејство: Татко, мајка и син загинаа во Нов Белград (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче и да отвори истрага за него за Модуларната во Тетово

Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние…

June 5, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Изградба на клучка Хиподром, решение за сообраќајниот метеж на влезот во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денес одржа прес конференција во Хиподром од каде ги најави…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Анкета на МКД.мк: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Ако до сега во најголемиот број истражувања на јавното мислење во Македонија, проблем број 1 со кој се соочува нашата…

April 26, 2025
ПОЛИТИКА

Лога го испразнил кабинетот пред заминување: Си ja зел со себе целата документација, ги нема ни препораките на ЕК

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција информираше дека документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија бил…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?