Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски
ПОЛИТИКА

Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски

Објавено July 13, 2026 20:09
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференцијата на пратеничката група на СДСМ во Собранието, каде во тек е седница посветена на реконструкцијата на Владата изјави дека заканите и навредите кон пратениците се само знак на слабост.

Пратеничката група на СДСМ, денеска за време на паузата на собранската седница одржа прес-конференција на која реагираше, за како што велат навредите на премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ кон пратениците на опозициската партија.

-Никој не му се плаши на Мицкоски. Со заканите што ги упатува и со навредите само покажува колку е неспособен и колку е слаб. И тоа граѓаните секој ден сè повеќе го сфаќаат – изјави Филипче.

Тој истакна дека заканите од премиерот се последица на немоќта на власта да покаже резултати и да одговори на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Според него најавената реконструкција на Владата нема да донесе никаква промена, бидејќи, станува збор само за замена на имиња, без нови политики и без резултати за граѓаните.

-Практично, ова е една реконструкција која е само замена на имиња – едни луѓе со други. Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо. Ама буквално ништо, исто како што не видоа никакви резултати и досега од работата на Владата. Нема еден сектор во кој има некакви добри резултати. Нема една група на луѓе во државава која виде бенефит од оваа власт. Државата е целосно блокирана. Граѓаните тонат во сиромаштија. Цените растат без контрола. Нема раст на платите. Стандардот тоне. Ние останавме слепо црево на Балканот и во Европа, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ рече и дека по две години владеење нема област во која Владата на ВМРО покажа резултати или граѓаните почувствувале некакво  подобрување.

-Нема еден сектор во кој има некакви добри резултати. Нема една група на луѓе во државава која виде бенефит од оваа власт. Државата е целосно блокирана. Граѓаните тонат во сиромаштија. Цените растат без контрола. Нема раст на платите. Стандардот тоне. Ние останавме слепо црево на Балканот и во Европа – изјави Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина судијата кој беше обвинет за сексуален напад врз дете и поради тоа не судеше на СП
Следна Статија Над 130 илјади туристи во мај, најбројни Турците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Реториката која доаѓа од ДУИ ќе биде уште пожестока, но не треба да ѝ се дава значење

Премиерот Христијан Мицкоски порача до пошироката јавност и медиумите да не ѝ придава важност на реториката со која се служи…

November 15, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Природно е да разговараме со ВРЕДИ и ЗНАМ за заеднички настап во одредена форма на локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите откри дека започнал со состаноци со општинските комитети на…

February 6, 2025
ПОЛИТИКА

„Како тоа Амар е политиколог, а е недипломиран?“ – Кандидатот за прв човек на Скопје призна дека нема диплома

Телевизискиот дуел меѓу двајцата кандидати за градоначалници на Град Скопје предизвика бура од реакции од јавноста по сознанието дека еден…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 46,65 отсто

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија. Последниот одзив е…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?