Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс
ПОЛИТИКА

Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Објавено October 3, 2025 08:25
Сподели
Сподели

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во скопската општина Аеродром.

„Економските политики се катастрофални, просечната плата три месеци се намалува, за повеќе од половина се намалени странските инвестиции, паѓа индустриското производство, се намалува бројот на вработени“, рече Филипче.

Тој предупреди дека сериозно е влошена состојбата со ликвидноста на илјадници компании кои се доведени во криза и доцнат со исплата на плати.

„Околу 12.000 фирми доцнат со исплата на платите. Повеќе илјади фирми чекаат поврат на ДДВ, а во наше време тоа се исплаќаше во истиот ден и час кога требаше да се случи. Сериозно е нарушена ликвидноста на компаниите, стопанството, поради тоа што државата и општините не ги вршат навреме исплатите.“

Во обраќањето, Филипче нагласи дека власта ги изневери сите граѓани, вклучително и пензионерите.

„Денеска на виделина излезе уште една лага, а тоа е за пензионерите – само 1.000 денари зголемување. Над 97% од вкупниот број на пензионери кои сега земаат само 1.000 денари, требаше по нашата методологија да земат 2.000 денари“, рече Филипче.

На граѓанската трибина тој порача дека не постои ниту една област во која ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали со резултати.

„Ваква ненародна Влада, мислам дека држава, нема една сфера во која што е добро. Нема еден проект, една работа за која може да се пофалат“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Овој хаос, како што кажа Филипче е резултат на нефункционалната и незаинтересирана Влада на ВМРО ДПМНЕ.

„Тоа е само доказ за една незаинтересираност и некапацитетност на оваа Влада која нема намера да направи и да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните и државата.“ рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“
Следна Статија Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лукровски: Карпош е заробен од истите интереси кои зелените површини ги претворија во градилишта, доста е од лажни зборови

Во последниве денови слушаме смешни обиди за манипулација, истите луѓе кои ја водат Општина Карпош со години, сега се обидуваат…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ за осветувањето на полициските возила: Државата се штити со закон и Устав, а не со осветената вода

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и остро реагира на фотографиите објавени од паркингот на Министерството за внатрешни работи,…

January 8, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

Опозициската СДСМ утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата…

March 15, 2025
ПОЛИТИКА

ТВ 24: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?