Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа
ПОЛИТИКА

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Објавено October 11, 2025 23:21
Сподели
Сподели

За година и пол Владата на ВМРО-ДПМНЕ е соголена до кожа од лагите со кои победи на изборите, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Јегуновце.

„За година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво и добри четири години на локално – веќе на граѓаните им е јасно. Јасно им е дека состојбата со нив само ќе се влошува на секое поле. Оваа ненародна власт за година и пол е соголена до кожа од лагите со кои победи на последните избори“, рече Филипче.

Во обраќањето, тој потсети, дека ВМРО-ДПМНЕ не исполни ниту едно ветување за некаков напредок и подобар живот, напротив државата со нивните политики уназадува.

„Да се потсетиме – ветуваа подобар живот, економски бум, горда европска интеграција под други услови, подобар животен стандард, ветуваа правда и правичност. Што имаме денес? Денес имаме застој и уназадување на секое поле. Економијата е ослабена и на колена, платите стагнираат, па дури и се намалуваат. Луѓето сè помалку можат да купат поради цените и инфлацијата кои не ги контролираат. Правда не постои, нема реформи, нема независно судство. Нема ниту перспектива напред кон Европската Унија“, рече Филипче.

После сите неисполнети ветувања, како што кажа Филипче, се поставува прашањето зошто сега некој би и верувал на оваа влада.

„Зошто некој да и верува на оваа власт повторно? Ако пред само година и пол излажаа за сè што ветија, тогаш бидете сигурни дека лажат и сега.Граѓаните не сакаат жалопојки. Сакаат решенија. Сакаат правда. Сакаат живот со достоинство. Сакаат грижа кога ќе имаат проблем“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Политиките на СДСМ кон соседите се чиста капитулација
Следна Статија Почина легендарната актерка Дајан Китон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини власта за партизација…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари: Не можеме да седиме на две столици

Дали ќе се оди на предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври, ексклузивно зависи од ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска лидерот…

May 8, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Деструктивен спин на опозициските медиуми против историскиот договор со Британија

Потпишувањето на Заедничката декларација за стратешко партнерство со Обединетото Кралство претставува историски чин од највисоко државно значење. Тоа е чин…

May 16, 2025
ПОЛИТИКА

Филков до Тренчевска: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?