Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Резолуцијата со црвени линии е најсилната гаранција за државата, Мицкоски да си ја надмине суетата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Резолуцијата со црвени линии е најсилната гаранција за државата, Мицкоски да си ја надмине суетата
ПОЛИТИКА

Филипче: Резолуцијата со црвени линии е најсилната гаранција за државата, Мицкоски да си ја надмине суетата

Објавено October 2, 2025 08:21
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанска трибина во Македонски Брод, го повика премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да не глумат лажни патриоти и да наоѓаат маани во предлог Резолуцијата на СДСМ за црвените линии во преговарачкиот процес со ЕУ, туку да покажат надпартиски однос за доброто на државата.

„Велеа сакаме гаранции. И ние јасно им кажавме – гаранции може да имаме дома. Многу јасно и едноставно, како што тоа го прават во секоја држава. Еве ви ги црвените линии – ова се нашите црвени линии, нема преговори за ниту едно идентитетско прашање. Јасно и гласно. Сè е чисто како солза во текстот. Ајде сите да се обединиме околу тоа, никој ништо не ни може“, рече Филипче

Тој додаде дека токму со заедничка резолуција, потпишана од сите 120 пратеници, може да се демонстрира политичка зрелост и национален консензус.

Но, наместо поддршка, како што кажа Филипче, од ВМРО-ДПМНЕ стигнува нов предлог дека ќе подготвеле таканаречена „помакедонска“ резолуција – уште еден доказ дека се избегнува одговорноста.

„Има ли поголем доказ од ова, дека не сакаат ништо да направат? Но јас, за разлика од Мицкоски, на ова прашање гледам како на историска одговорност на нашата генерација. Јас, за разлика од него, не правам политика од иднината на нашите деца“, рече Филипче.

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче директно се обрати и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и јавно го повика да ги надмине личните и партиските интереси.

„Христијан, тргни ја суетата, барем еднаш во животот, за една тема. Погледни убаво што предлагаме и сам знаеш дека тоа е тоа што ни треба. Тргни ја суетата, издигни се над партиските интереси и дај да ја бутнеме оваа држава напред. Еве, ако сакаш смени нешто внатре, нека биде твоја резолуција, да не мислиш дека Филипче сака да ти ја земе македонштината. Еве, нека биде ваша, само дај да ја завршиме таа работа. Ќе останеме последна држава на Балканот без интеграција, нема да остане еден човек во оваа држава“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче и додаде дека ова е должност кон граѓаните, а предлог Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ затоа што ќе биде прво национално обединување

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена е Грета Тунберг
Следна Статија Мицкоски: Филипче не прецизираше за кој дом се грижат, за хациендите или за јахтите на Халкидики

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Водно ќе блеска и по мрак: Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со генералот Горанчо…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Лукровски: Ќе го решиме проблемот со паркирањето на карпошани со 600 нови паркинг места и ќе ставиме крај на бетонизацијата

Во синоќешното емитување на тема на денот на Сител тв, гостуваше кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Политиките на СДСМ кон соседите се чиста капитулација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Прилеп, во рамки на изборната кампања 2025…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Oткако го шитнаа името, Зорица Заева во Фурка пеела песни од Антонис Ремос

Ставрос Цимас, познат грчки новинар во книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ открива низа малку познати детали поврзани со Зоран…

June 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?