Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”
ПОЛИТИКА

Филипче: СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”

Објавено October 8, 2025 20:23
Сподели
Сподели

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина во Кривогаштани истакна дека СДСМ секогаш стоела на страната на граѓаните, додека денешната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги остава сами со проблемите и ветувањата што не им ги исполнуваат, нагласувајќи дека социјалдемократите никој не оставија сам да се справува со најтешките светски кризи и дека граѓаните секогаш им биле приоритет.

„Секогаш сме биле и сме со граѓаните и кога било најтешко, во најголемите кризи, граѓаните беа наш приоритет. Тогаш не сме барале изговори – туку сме преземале одговорност. Со план и волја покажавме како се стои зад секој еден граѓанин кој се бореше да преживее, да зачува работно место, да го одржи својот бизнис. Никој не оставивме сам. Со СДСМ платите растеа, пензиите растеа, се создаде систем за помош, не за понижување”, истакна Филипче.

Тој потсети дека СДСМ воведе нов, праведен модел на субвенционирање, со кој земјоделците добиваа повеќе и навремено, за разлика од сегашната власт која ги остава нивните производи да скапуваат по нивите.

„Донесовме план и стратегија како да го заштитиме домашното производство и да ги поддржиме нашите земјоделци. Воведовме нов, праведен модел на субвенционирање, со кој земјоделците добиваат повеќе. Обезбедивме 3,7 милијарди денари финансиска поддршка во земјоделството само за една година, а за руралниот развој — уште 1,3 милијарди денари. Ја зголемивме субвенцијата за зелена нафта двојно — од 50 на 100 проценти. Обезбедивме авансна исплата од 30% на директните плаќања, за земјоделците парите да ги добиваат навреме”, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ додаде дека вложувањето во младите земјоделци било еден од најуспешните проекти на СДСМ, со јасна визија да останат дома и да придонесуваат во земјоделскиот сектор.

„Вложувавме и во младите земјоделци — таму каде што сега другите гледаат проблем, ние гледавме и гледаме иднина. Во само две години поддржавме 531 млад земјоделец со над 377 милиони денари. Ние ја двојно зголемивме поддршката — од 10 на 20 илјади евра по млад земјоделец, за тие млади луѓе да останат овде, во Македонија, и да ја градат својата иднина на сопствената земја”, потенцираше д-р Филипче.

Филипче истакна дека СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”, туку секогаш стои зад своите политики и граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
Следна Статија Вучиќ за дроновите што пристигнаа во Приштина: Згрозен сум од однесувањето на Турција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски: Бадентеровото правило ја доведува во прашање функционалноста на државата

Бадентеровото правило во одредени моменти ја доведува во прашање функционалноста на државата, истакна денеска лидерот на Движењето ЗНАМ за наша…

August 30, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Со антиевропска влада Националниот совет за евроинтеграции има само протоколарна улога

Националниот совет за евроинтеграции, во моментов има само протоколарна улога, имаме состаноци на кои што доаѓаат амбасадори на европски земји…

April 26, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче подготвува ново предавство и нов бонбона бизнис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, поранешен шеф на државата, дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?