Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата
ПОЛИТИКА

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

Објавено June 6, 2026 11:38
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“.

Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните сили мора да одговорат со единство, соработка и заедничка акција.

„Скопската иницијатива е акција за зајакнување на регионалната соработка меѓу социјалдемократските и прогресивните политички партии во нашиот регион“, истакна Филипче.

Тој оцени дека Западен Балкан се наоѓа во клучен момент кога по долгогодишни застои повторно постои реална можност за членство во Европската Унија.

„Нашата генерација има единствена можност да го заврши овој процес. Имаме можност не само да исполниме една стратешка цел, туку и да го оствариме долгогодишниот сон на цела една генерација“, рече Филипче.

Во своето обраќање тој предупреди дека европската перспектива на регионот е загрозена од организиран отпор кон реформите и демократијата.

„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, нагласи Филипче.

Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат заеднички против европските вредности и реформските процеси.

„Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, истакна Филипче.

Тој посочи и на лицемерието на оние кои јавно настапуваат како противници на европската интеграција, додека својата лична и деловна иднина ја врзуваат токму за земјите членки на Европската Унија.

„Овие самопрогласени патриоти и бранители на националниот идентитет најдобро ја откриваат сопствената хипокризија преку тоа каде ја обезбедуваат својата лична и деловна иднина – најчесто токму во Европската Унија – додека истовремено шират дезинформации за иднината на Европа меѓу своите граѓани“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди и на подемот на антидемократски движења кои, како што рече, се насочени кон поткопување на темелните прогресивни и антифашистички вредности на современите општества.

Филипче порача дека единствениот одговор на овие предизвици е создавање силна прогресивна коалиција на регионално ниво.

„За да ја победиме оваа црна регионална коалиција, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача претседателот на СДСМ, прогласувајќи ја конференцијата за отворена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) „Три работи не можеш да предвидиш: Бог, сексот и ЕУ“, вели Рама на прашањето кога ќе станат членка
Следна Статија Кинески хороскоп за јуни: Еден знак е пред убав пресврт и добивка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Костовски: Селективност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

„Пред точно една недела Македонија ја погоди најтешката трагедија во поновата историја. Изгубивме 59 млади животи. Во тие најтешки моменти…

March 24, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче…

December 27, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче промовира Фронт за слобода и правда

Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е доказ дека споделуваат еднакви вредносни политики. ​Коалицијата и соработката,…

May 31, 2026
ПОЛИТИКА

Простаклукот на Апасиев (ВИДЕО)

На собраниска седница денеска за влакно беше избегната тепечка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и дел од пратеницита на…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?