Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат
ПОЛИТИКА

Филипче: Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат

Објавено October 17, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Чучер Сандево испрати порака дека на изборите се враќа силата на народот, преку одлука која гарантира напредок и сигурна иднина, се враќа и СДСМ.

-Ситно броиме до нова победа во Чучер Сандево! За три дена, обединети во борбата за нашиот дом, во надежта за подобра иднина и љубовта кон татковината да испратиме јасна порака: Се враќа силата на народот, гласот на чесниот човек, се враќа СДСМ! Во недела сите заедно ќе порачаме дека избираме чесна работа, чесни кадри кои ги слушаат и кои работат за граѓаните. Недела е денот кога треба да донесеме најдобра одлука за нашиот дом, за нашето маало, семејство и иднината на државата. А најдобрата одлука е таа што гарантира напредок, која обезбедува сигурна иднина и која нуди перспектива. Тоа го гарантира и го може само СДСМ и нашите кандидати за градоначалници и советнички листи, порача Филипче.

Тој од граѓанската трибина повика на масовна излезност за слободна, а не заробена држава потенцирајќи дека на 19 октомври секој глас ќе се брои и секој глас за СДСМ е глас за ред и правда.

-На 19 октомври секој глас се брои и е важен. Вашиот глас во недела е глас за напредок, ред, правда и сигурност. Не дозволувајте да го оставиме нашиот дом на оние кои се оддалечени од народот, на оние што гледаат само свои интереси, што ни ги запуштија општините, а гледаме дека на добар пат се државата повторно да ја заробат. Во недела излезете масовно на гласање и осигурајте се дека иднината на општините, на државата, на Чучер Сандево, е сигурна, со луѓето што работат чесно, се грижат за секого и градат за сите и во секој населено место, порача Филипче.

„Граѓаните пред 4 години поверуваа во лажниот маркетинг за подобар живот. Очекуваа подобар живот, а добија влада што живее во луксуз и во лажен маркетинг, далеку од народот. “, рече вечерва од Чучер Сандево претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Тој на граѓанската трибина „Се боиме за нашиот дом“ рече дека наместо граѓаните да имаат повисоки плати и повеќе удобности тие бројат денови до следната плата.

-Пензионерите ги излажаа со формули и ветувања, работниците ги оставија без покачувања на платите, земјоделците без поддршка. Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат. Секој ден е потежок од претходниот. И додека народот брои денови до следната плата, тие се расфрлаат со државни пари, летаат со приватни авиони и купуваат вина по институции. Ова не е визија ова е небрежност и неодговорност, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ пред граѓаните зборуваше и за така наречените економски „успеси“ на власта кои граѓаните во реалноста ниту ги гледаат, ниту ги чувствуваат. Но се осврна и на економската состојба за која рече дека е сериозно загрижувачка.

„Го слушате премиерот Мицкоски од митинг на митинг зборува за некакви си економски „успеси“, мислејќи дека граѓаните не ја чувствуваат и не ја гледаат реалноста. Буџетот на државата е загрижувачки, приходите се реализирани само 70,78% од планираното, а расходите веќе достигнаа 72,82%. Ова значи дека до крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра, што значи повторно задолжување, нови оптоварувања за граѓаните или кратење на јавни услуги. Капиталните инвестиции се историско најниска реализација од и ова ќе биде повторно изгубена година за проекти кои требаше да создаваат работни места и економски раст. Јавниот загрижувачки долг расте, веќе достигна 62,9% од БДП, и во последните 14 месеци државата се задолжи за над 1,86 милијарди евра. А меѓу овие задолжувања се и 950 милиони евра коишто треба да се земат“, истакна Филипче.

Филипче реалноста на граѓаните ја нарече безидејна благодарение на неспособноста на Мицкоски и неговата влада.

-По тоа и ќе остане запаметен неговиот мандат, по заеми, високи цени, ниски плати, пензии и студентски оброк. Владата се фали со бројки и ПР, но реалниот живот за семејствата и бизнисите е поинаков, рече Филипче во Чучер Сандево.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк
Следна Статија Доста е со кружење и нервози, време е за ред и за слободни тротоари, Аеродром ќе биде најповрзаната општина, најави Ѓорѓиевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија, инфалцијата руши рекорди, платите стагнираат, граѓаните се се посиромашни, посочува…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено

Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор или…

January 10, 2026
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ДЗР утврдила недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца во време на СДС и ДУИ, граѓаните чекале, а немало потреба

Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал. Денес ќе изнесеме факти како…

November 10, 2024
ПОЛИТИКА

Андреевски: Центар беше најубавото место за живеење, мора да се врати духот на општината

Горан Андреевски, кој јавноста го знае како кошаркарски тренер е носител на советничката листа во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ. Тој…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?