Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Спроведување на електронски попис ќе биде предизвик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: Спроведување на електронски попис ќе биде предизвик
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Спроведување на електронски попис ќе биде предизвик

Објавено June 30, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Првиот предизвик за спроведување електронски попис е дека нема да има вистинска мапа на населението, односно нема луѓето да бидат регистрирани таму каде што вистински живеат, туку по личната карта која што во многу случаи е на друго место и втората работа која што е предизвик за спроведување електронски попис е тоа што ја нема националноста во ниту една електронска база, посочи денеска лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче во врска со предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за спроведување на електронски попис на населението идната година.

Во одговор на новинарско прашање, тој истакна дека над 25 отсто од населението се води на друга адреса од онаа која што е заведена во нивната лична карта, што според Филипче, ќе биде предизвик за спроведување на електронски попис. Неговото искуството од пописот спроведен од Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз, говори дека и кога се вкрстуваат податоците со базите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ПИОМ) и Управата за јавни приходи (УЈП) графата за националност ја нема.

– И кога се вкрстуваат податоците со базите на ФЗО, ПИОМ, УЈП со цел да тие податоци се проверат од направениот попис, како што во наше време за време на пописот се вкрстини податоците од шест електронски бази за да се провери каде е работното место, име, презиме и така натаму, ја нема графата за националност. Тие две работи сметам дека се сериозен предизвик кога станува збор за тоа дали да се прави или не електронски попис, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија  Во Албанија за пет месеци престојувале 3,4 милиони странци
Следна Статија Гвардиола: Светското клупско првенство нè уништи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет го разреши судијата Лазар Нанев

Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, е разрешен од функцијата член на Судскиот совет. Највисокото…

October 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска се избира новиот Јавен обвинител

Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница на која на дневен ред е предлогот Ненад Савески да биде избран…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бадијалџии: 23,7 отсто од младите во Македонија ниту учат, ниту работат

Додека светот денес го слави 12 август - Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

Во 09.53 часот преку единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?