Филипче ќе биде реизбран за лидер на СДСМ на 6-ти април

- Advertisement -

Внатрепартиските избори на СДСМ за лидер на партија, на кои единствен кандидат е актуелниот лидер Венко Филипче, ќе се одржат на 6 април, дознава 24Вести.

ЦО на партијата го потврдила новиот датум откако СДСМ го одложи реизборот на Филипче, поради трагедијата во Кочани, а кои требаше да се одржат токму на 16 март.

Мандатот на претседателот на СДСМ истече на 21 март.

Според статутот на СДСМ Филипче и Димитар Ковачевски го продолжија мандатот на Зоран Заев по неговата оставка.

Ковачевски се повлече по дебаклот на СДСМ на двојните избори на 8 мај лани, Филипче беше избран, но со мандат само од 9 месеци.

Сподели ја оваа статија