Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година
Blog

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Објавено February 18, 2025 19:22
Сподели
Сподели

Филип Морис Интернешнал (ФМИ) објави ислучителни финансиски резултати за 2024 година, демонстрирајќи ја успешната трансформација на компанијата кон бизнис заснован на производи без чад. Со значителен раст во оваа категорија, ФМИ продолжува да ја засилува својата позиција како глобален лидер во иновативните никотински производи.
Обемот на продажба на производи без чад во минатата година порасна за 12,6% на годишно ниво, а во второто полугодие достигна раст од 14%. Вкупните испораки на производи без чад за првпат надминаа 40 милијарди единици во еден квартал.
„2024 беше извонредна година за ФМИ. Остваривме силни резултати благодарение на континуираниот раст на IQOS и ZYN. Со овластувањето за тврдењата за намалена штетност на сите ZYN никотински ќесички од Агенцијата за храна и лекови во САД, добивме дополнителна потврда за научната основа на нашите производи без чад”, изјави Јацек Олчак, извршен директор на ФМИ.
Во текот на 2024 година компанијата го прошири портфолиото на своите производи без чад во речиси половина од 95-те пазари каде тие се присутни, достигнувајќи 38,5 милиони возрасни корисници на потрфолиота производи без чад. Притоа IQOS го зајакна своето второ место меѓу брендовите на никотински производи во пазарите каде што е присутен.
Во Европа, продажбата на производи без чад забележа значителен раст од 9,4% на годишно ниво, со двоцифрен раст во Бугарија, Грција, Германија, Романија и Шпанија.
„Со силен моментум во сите категории, уверени сме дека нашата трансформација без чад и неспоредливото портфолио на брендови ќе продолжи да дава одлични перформанси и да создава вредност за нашите потрошувачи и акционери во 2025 година и на долг рок“, заклучи Олчак.
Филип Морис останува посветен на својата визија за свет без чад, фокусирајќи се на проширување на своето портфолио со иновативни производи кои се подобра алтернатива за возрасните пушачи и зајакнување на позицијата на пазарот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Неготино уапсени крадци од Радовиш
Следна Статија Лавров: САД почнуваат подобро да ја сфаќаат позицијата на Русија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Германија ја зголемува минималната плата по час на 14,60 евра

Германија постепено ќе ја зголемува минималната плата по час на 14,60 евра од сегашните 12,82 евра до 2027 година, според…

June 27, 2025
Blog

Враќање во 2000 година со класични DOS мултиплејер игри во вашиот прелистувач

Постојат фан-направени верзии во прелистувач на Red Alert, Unreal Tournament и други.

November 23, 2025
Blog

Крис Павловски: Еден ден го мразат Трамп, тој станува претседател и следниот ден му го бакнуваат задникот

Сопственикот на најбрзо растечката видео мрежа Рамбл Крис Павловски кој има македонско потекло ги коментира американските бизнисмени кои пред победата…

January 25, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Водолија – сабота, 15 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Водолија, денешниот ден е идеален за освојување на нова перспектива, ослободување од негативни мисли и…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?