Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков најави целосно ресетирање на судството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков најави целосно ресетирање на судството
МАКЕДОНИЈА

Филков најави целосно ресетирање на судството

Објавено February 3, 2026 16:49
Сподели
Сподели

На судството му се подготвува темелно ресетирање, е заклучокот од конференцијата за „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија“, организирана денес. Акцентот овојпат беше ставен главно на ефикасноста, поради одбивањето на власта да го зголеми буџетот на судството до нивото што законски се предвидува и големиот недостиг на кадар, поради одбивањето на Министерството за финансии да даде согласност за нови вработувања. Конкретно на конференцијата се разгледуваше Патоказот за спроведување на Стратегијата за човечки ресурси во судската мрежа во државата, при што беа изнесени алармантни состојби за кои лекот се бара во подобра организација, дигитализација, но и финансиска и политичка независност на судскиот систем.

Според анализата изнесена притоа, големиот недостиг на судии и судски персонал се смета за најкритичен проблем во судството во моментов, со тенденција да се влошува секоја наредна година. Според анализата, Македонија иако е блиску до европскиот просек, во однос на земјите во регионот со кои има слично правно наследство – функционира со речиси двојно помал број на судии по глава на жител. Бројот на судски позиции, според систематизацијата направена во 2015 година, треба да изнесува 636, а на крајот на минатата година имало само 431 судии, што е намалување од 32 отсто. Поради тоа се предлага нова проценка на потребите на судството и врз основа на неа и ревидираната систематизација, па пополнувањето на испразнетите места за кои и сега има буџет, но нема согласност од Министерството за финансии.

Место 4.705 вработени како помошен персонал сега има само 2.780, а уште 181 до крајот на 2028 година ќе заминат во пензија. Според анализата, во изминатите години сите барања за нови вработувања биле систематски одбивани , додека огромната разлика во платите меѓу судиите и помошниот персонал е причина за големо незадоволство во судовите во кои вторите се чувствуваат „понижени“. Фактот дека, освен Министерството за финансии, и Министерството за јавна администрација мора да ги одобри актите за систематизација и годишните планови за нови вработувања во судството се гледа како создавање алатка за недозволиво влијание врз неговата независност. Уште повеќе, преставник на Министерството за финансии учествува во работата на Судскиот буџетски совет без право на глас, но во пракса сите одлуки, дури и за набавка на компјутери , сретства за чистење и слично, бараат претходна согласност од оваа институција.

Како застарена и неефикасна се оценува и сегашната судска мрежа во државата, бидејќи има помали судови што не се доволно искористени, а големите градски судови се пренатрупани со работа. Притоа сегашниот број од 34 судови се смета за прекумерен поради што се предлага нивно консолидирање, со трансформација на десетте најмали судови во регионални , укинување на разликата меѓу судовите со основна и проширена надлежност, спојување на едните и другите, плус со управните судови – или последните да добијат посебен статуас во новата судска мрежа.

Сегашниот систем за избор, обука, именување и унапредување на судии се оценува како рестриктивен, формалистичк, а некогаш и неправеден и демотивирачки, покрај тоа што е подложен за политички влијанија. Генерално, се смета дека моменталниот систем за оценка на судиите премногу се фокусира на квантитативните критериуми, а не на квалитетот во управувањето на предметите и дека унапредувањата и именувањата често не се засноваат на заслуги. Затоа се предлага преразгледување на сегашната правна рамка, а Академијата за судии да се фокусира на создавање практични вештини место теоретски знаења, како досега.

Анализата го „погреба“ и сегашниот АКМИС систем за распределба на предметите како застарен и надживеан, со оценка дека не придонесува веќе за ефикасност на правдата и не обезбедува релевантни информации околу персоналот, обемот на работа и слично. Затоа се предлага целосно нов автоматизиран систем на управување со предметите, т.е. да се дигитализира целосно судството според европските практики.

Во расправата учествуваше и евроамбасадорот Михалис Рокас кој потсети дека во извештајот на Европската комисија судството добило оценка „нема прогрес“ и дека нивото на усогласеност со тоа на ЕУ е „умерено“. Според него, независноста и ефикасноста на судството не се две различни патеки туку одат една до друга, заклучувајќи дека новиот буџет утврден од власта не е доволен за да се спроведе реформата и дека тоа ја слабее институционалната независност и ги лимитира шансите за навремена правда. Тој нагласи дека во земјата се случиле серија одлагања во имплементација на реформите, потсетувајќи дека со новиот концепт за Планот за раст ЕУ не е донатор, туку „инвеститор“ во владеењето на правото, бидејќи парите се врзуваат со резултатите.

Претседателот на Врховниот суд Африм Фидани се пожали дека судиите не биле консултирани кога се носеле законите што ги засегаат, споменувајќи го Законот за судскиот совет, па порача дека би било добро „ако се почитува нивното мислење“. Тој потенцираше дека Уставот дава нормативни гаранции за независноста на судиите и дека таа јакнее кога процесите се јасни, мерливи и правично спроведени, односно – ако судиите се држат до законите и имаат високи етички стандарди, нема да има простор за политичко влијание. И тој и некои други соговорници порачаа дека независноста на судството не треба да се сфати како привилегија туку како одговорност и дека политичката независност подразбира имање и финансиска независност.

„Нема квалитетна правда со преоптоварени судии“, рече Фидани во обраќањето.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски рече дека во најголем број европски држави судстската власт има реална моќ да планира и вработува, без да чека согласност од Владата.

Откако ги ислуша сите критики, министерот за правда Игор Филков рече дека ова е критички и одлучувачки момент за судскиот систем во државата и само ако добро се процени ситуацијата ќе се дојде до добри решенија. Тој спомена дека се подготвувале 30 нови закони со кои ќе се направат суштински промени и дека тие ќе доведат до целосно ресетирање на судството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавните обвинители
Следна Статија Мицкоски најави нова инвестиција во ОУ „Стив Наумов“ во Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија, Србија и БиХ сакаат да увезуваат отпад од ЕУ

Македонија бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија пренесува…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошкоски: Нема веќе бришење на казни

Министерот за внатрешни работи Тошковски ги повика граѓаните да не подлегнуваат на измами преку „онлајн“ пирамидални шеми како „Конти“.Говорејќи за…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Македонија и Словенија со исти вредности и цели – стабилен регион и безбедно НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски пристигна во официјална посета на Словенија. -Пријателска и сојузничка Словенија со која развиваме силна одбранбена…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема да се градат хемиски фабрики во Ѓорче Петров, вели Стојкоски

Во општина Ѓорче Петров нема да се градат хемиски фабрики! Вака, Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, ги демантираше…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?