Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Финансиската полиција ќе го чешла случајот Александрополис за сторен криминал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Финансиската полиција ќе го чешла случајот Александрополис за сторен криминал
МАКЕДОНИЈА

Финансиската полиција ќе го чешла случајот Александрополис за сторен криминал

Објавено June 4, 2025 16:52
Сподели
Сподели

Поранешни членови на управни и надзорни одбори и функционери од претходната Влада добија кривични пријави затоа што закупиле капацитет за гас во терминалот во Александрополис, за што потрошиле 5 милиони евра од буџетот, но гасот никогаш не стигнал во земјава. Претставници на АД Електрани на Македонија информираа дека поднеле кривична пријава до Финансиската полиција и до Министерството за внатрешни работи МВР против членови на двата претходни управни и надзорни одбори во компанијата поради неколку одлуки поврзани со закупот во новиот терминал за течен природен гас во Александрополис во Грција, објави МКД.мк.

Меѓу пријавените, според порталот, се и поранешните премиери Зоран Заев и Димитар Ковачевски, поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи и тогашниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски. Според првиот човек на ЕСМ Лазо Узунчев, овие луѓе не ги штителе интересите на компанијата и на државата, а поради тоа ЕСМ месечно непотребно плаќала над 250 илјади евра за неупотребливиот капацитет.

Согласно член 353 од Кривичниот законик тие несовесно постапувале и не ги штителе интересите на компанијата и на државата и досегашната штета изнесува над 5 милиони евра. Од претходната Влада реагираа дека проектот бил дел од регионално стратешко снабдување со гас, со вклученост на Србија и Бугарија и дека тука нема ништо спорно.

Македонија требаше да стане еден од сопствениците на терминалот во Александрополис и да учествува со 10 проценти. Во образложението за кривичаната пријава пишува дека државата плаќала закуп за дел од терминалот без можност тој да биде користен.

Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александрополис почна да работи на 1 октомври 2024 година. Преку него со гас треба да се снабдуваат неколку земји од Југоисточна и Централна Европа, меѓу кои и Македонија.

Терминалот почна да се гради кон крајот на март 2021 година. Од тогашната македонска Влада тогаш беше соопштено дека согласно договорот Македонија учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во Александрополис која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра и дека е предвидено учество и со 10 проценти од вкупната вредност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Пари“: Како без вработени се вртат 530 милиони евра? Ни денар од заработката не се двои за плати, здравствено и пензинско
Следна Статија Србин спаси Македонец во Грција: Скокнал од лежалката и без размислување се стрчал кон водата да помогне

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Ердоган потпишаа политичка декларација: Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области

Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, најавија премиерот…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Oрбан е човек од кого може многу да се научи, пријателство кое трае со децении

Вицепремирот Александар Николоски на Фејсбук напиша дека премиерот на Унгарија напиша дека премиерот на Унгарија е голем поддржувач на Македонија.…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани, информираат од Црвен крст

Досега се собрани 156.542.967 денари во рамки на апелот на Црвениот крст на Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Среде денови на жалост, на некого вечерва му дошло до огномет

Во денови на жалост поради трагедијата во Кочани на некого му дошло до огномет. На социјалните мрежи се појави снимка…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?