Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Финансиска поднела 29 кривични пријави кои вклучуваат штета од 852 милиони денари на буџетот, вели Ивановски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Финансиска поднела 29 кривични пријави кои вклучуваат штета од 852 милиони денари на буџетот, вели Ивановски
МАКЕДОНИЈА

Финансиска поднела 29 кривични пријави кои вклучуваат штета од 852 милиони денари на буџетот, вели Ивановски

Објавено February 20, 2025 12:55
Сподели
Сподели

Од моето преземање на Управата за финансиска полиција, до денеска се поднесени 29 кривични пријави кои во себе вклучуваат штета од 852 милиона денари на буџетот, изјави Слободан Ивановски, директор на Финансиската полиција, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Ова значи квалитативно работење. Сакам да кажам дека и во иднина, без разлика за која институција, за кој функционер станува збор, Управата за финансиска полиција ќе постапува и ќе го сработи секој предмет темелно“, рече Ивановски.

Го посочи случајот со РЕК Битола.

„Имаме штета од околу 178 милиони денари, исто и ова со ХЕЈ имаме штета од 24 милиони денари. Значи сумите секогаш ќе нè водат нас во делот на тоа да дадеме акцент и приоритет на тие случаи. Невозможно е сите случаи да се изработат во еден момент, да се истражат, но, сепак, врз основа на нашата функција која што значи откривање, истражување и пријавување на кривични дела, мораме да дадеме приоритет на поголемите износи, на поголемите штети на буџет. Истовремено, таа штета да ја обезбедиме преку мерки за обезбедување на имотот“, вели Ивановски.

Ивановски нагласи дека Финансиската полиција е надлежна на кривичните дела „Перење пари“, „Недозволена трговија“, „Криумчарење“, „Даночно затајување“ и, како што посочи, „други кривични дела кои што во себе вклучувааат значителна противправна имотна корист“.

„Значителна значи 50 просечни плати. Тоа е некоја сума о два милиона денари минумум, па нагоре“, истакна Ивановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанец со сатар и нож сакал да влезе во Кривичниот суд во Скопје
Следна Статија Во сабота е Задушница, ова е најважното нешто што треба да се направи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на своите официјални профили на социјалните мрежи, во кое јасно се гледа…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Taравари за паркингот: 50 денари не е многу, некои паркираат на Клинички и се шетаат низ Скопје приватно

Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. „Две деветки во…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Нема да ги поддржиме законските измени за „Безбеден град“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повтори дека пратеничката група на социјалдемократите во Собранието нема да го поддржи предлог-законот за прекршоци…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?