Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Финскиот претседател предупредува: Европа мора итно да го спаси НАТО од Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Финскиот претседател предупредува: Европа мора итно да го спаси НАТО од Трамп
СВЕТ

Финскиот претседател предупредува: Европа мора итно да го спаси НАТО од Трамп

Објавено March 22, 2026 18:07
Сподели
Сподели

Европските лидери мора итно да дејствуваат за да го зачуваат она што останало од клучните столбови на трансатлантското партнерство, првенствено од Организацијата на северноатлантскиот договор, предупреди финскиот претседател, Александар Стуб, во изјава за британскиот „Телеграф“.

Тој оцени дека Европа се соочува со нови политички околности поради идеолошкиот и политички курс што го заговара американскиот претседател, Доналд Трамп, и дека е потребно да се преземат итни и промислени чекори за зачувување на стабилноста на Алијансата, која со децении е столб на западната безбедност.

Според Стаб, откако ќе бидат заштитени најважните институции во трансатлантските односи, европските земји ќе мора да водат внимателно балансирана, но во исто време и решителна политика кон Вашингтон. Таквиот пристап, нагласи тој, подразбира способност за соработка таму каде што има заеднички интерес, но и јасно да се постават граници за прашањата каде што се разликува мислењето.

Во овој контекст, финскиот претседател изјави дека земјите од Европската Унија треба учтиво, но решително да отфрлат одредени иницијативи на американската администрација, особено во областите на трговската политика и климатската агенда.

Стуб претходно тврдеше дека Соединетите Американски Држави се промениле од своите денови како „бениген хегемон“ во непредвидлива, но, сепак, исклучително моќна сила. Затоа, заклучува тој, Европа мора да покаже поголема независност и политичка зрелост во заштитата на сопствените интереси, без да ги загрози стратешките партнерства што се од витално значење за нејзината безбедност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Унгарскиот премиер најавува пресврт во Европа, конзервативните сили во подем
Следна Статија Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Европската Унија подготвува 21. пакет санкции против Русија, насочен кон дополнително слабеење на руската воена економија и ограничување на приходите…

June 9, 2026
СВЕТ

Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба

Персоналот на унгарската амбасада во Париз добил закана за бомба преку електронска пошта, соопшти денеска шефот на унгарската дипломатија Петер…

December 14, 2024
СВЕТ

Унгарија: Прекината ни е испораката на нафта по украинскиот напад на Русија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека испораката на нафта за Унгарија преку нафтоводот морало да биде прекината…

March 11, 2025
СВЕТ

Федерален судија ја блокира наредбата на Трамп за укинување на правото на државјанство по место на раѓање

Американски федерален судија во одлука го блокираше обидот на администрацијата на Доналд Трамп до го укине правото за добивање државјанство…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?