Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фирмата што изнајмувала машини за хидроелектраната на Дошница се повлекла, активистите најавуваат нова битка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фирмата што изнајмувала машини за хидроелектраната на Дошница се повлекла, активистите најавуваат нова битка
МАКЕДОНИЈА

Фирмата што изнајмувала машини за хидроелектраната на Дошница се повлекла, активистите најавуваат нова битка

Објавено August 14, 2025 13:48
Сподели
Сподели

„Приватната фирма која изнајмуваше машини за изградба на хидроелектраната на реката Дошница се повлече.  Ова е доказ дека народниот отпор е посилен од секој профит. Им благодариме за свесноста и одлуката да не се стават на страната на уништувачите“, соопштија од Changemakers4all, една од иницијативите кои повеќе од еден месец, заедно со граѓани од цела Македонија, го блокираат пристапот до Дошница и го креваат гласот за спас на една од најчистите реки во земјата.

Сепак, нагласуваат тие, битката не е завршена.

„Сега гледаме право во очи на ЈЕС ДООЕЛ – Хидро Дошница: Повлечете се, или народот ќе ве повлече! Властите – ако имате грам чест и достоинство, веднаш поништете ја оваа срамна дозвола!“, порачуваат од граѓанската иницијатива.

Од таму потенцираат дека државата не е приватна играчка, реките не се стока, а народот не е робје.

„Ние не се тргнуваме, ниту отстапуваме. Ќе стоиме до крај, со глас, со тело и со срце! Ова е нашата земја, ова е нашата вода, ова е нашата победа што доаѓа!“, стои во соопштението на иницијативата.

Инаку, по повеќе од еден месец одбрана на реката, изминатиов викенд кај Смрдлива вода се одржа „Протестфест“, чие мото беше „Заедно за последните капки чиста вода“. Граѓаните заедно слушаа музика, учествуваа во работилници, дискусии, детска програма, отворен базар и планинарски акции, се’ во знак на заедништво и протест против изградбата на две мали хидроцентрали на Дошница.

„Питката вода е ограничена, не е бесконечна, и без неа нема живот! А институциите се расфрлаат со нашите последни, недопрени, чисти извори на питка вода како да нема утре“, рекоа граѓаните пред „Протестфест“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем гест на Челзи: Премиите од 15 милиони фунти ќе ги донира за семејството за Жота
Следна Статија Македонија шеста во светот по привлекување гринфилд инвестиции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни над 16 000 места

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Стратешкиот дијалог, НАТО-соработката и трговскиот договор со САД

Министерот Муцунски во интервју за Сител ТВ од Њујорк говореше за билатералните односи со САД, втората сесија од стратешкиот дијалог…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Институциите доставуваат пријави, но борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Собранието денеска треба да ја започне 29. седница на која на дневен ред се пет интерпелации. Четири интерпелации се поднесени…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?