Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
ХРОНИКА

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки

Објавено January 15, 2026 12:04
Сподели
Сподели

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е поднесена кривична пријава против едно правно и едно физичко лице за сторено кривично дело прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Конкретно, фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што поштенските пратки ги внесувала со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи. Пратките потоа нелегално ги складирала во магацин во нејзина сопственост, со намера оттаму да ги транспортира до нарачателите, за што би наплатувала паричен надомест.

Царинската управа и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со цел откривање и спречување на сите облици на криумчарење и незаконско работење, заштита на државните финансиски интереси и обезбедување услови за фер конкуренција.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ажурирање за backwards компатибилност на Switch 2 на 13 јануари 2026 година
Следна Статија Безбедносни ранливости во Python библиотеки за вештачка интелигенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Сообраќајка на патот Страцин-Кратово, возилата се движат наизменично по една лента

Сообраќајот на регионалниот пат с. Страцин – Кратово од 15:17 часот попладнево се одвива наизменично по една коловозна лента поради…

October 17, 2025
ХРОНИКА

ТАЖНА ВЕСТ: Македонецот Стивен Ивановски кој се водеше како исчезнат по пожарот во Кран-Монтана, пронајден мртов

Македонецот Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат во страшниот пожар во Кран Монтана е пронајден мртов, објави “Фокус”. Семејството…

January 3, 2026
ХРОНИКА

Пожар во стан на 83 годишна скопјанка

На 20.10.2024 во 09.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на општина Аеродром…

October 21, 2024
ХРОНИКА

Тошковски: Уапсени осум лица за инцидентите со македонското знаме

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, на денешната прес-конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се осум…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?