Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФИФА очекува една милијарда евра приход од СП за жени, почнувајќи од 2031
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФИФА очекува една милијарда евра приход од СП за жени, почнувајќи од 2031
СПОРТ

ФИФА очекува една милијарда евра приход од СП за жени, почнувајќи од 2031

Објавено May 14, 2025 18:10
Сподели
Сподели

ФИФА планира во иднина да оствари приход од една милијарда долари од светските првенства за жени, почнувајќи од и во проширен формат со 48 репрезентации, најави денеска претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„Гледаме значаен, експоненцијален раст во женскиот фудбал“, рече Инфантино на Саудиско-американскиот инвестициски форум во Ријад.

Како и Светското првенство за мажи, кое ќе се зголеми од 32 на 48 екипи и од 64 на 104 натпревари од 2026 година, така и Светското првенство за жени се прошири од 24 на 32 репрезентации во 2023 година, а бројот на селекции ќе се зголеми на 48 почнувајќи од 2031 година.

„Нашата цел е да генерираме една милијарда долари приходи од Светското првенство за жени, или околу 890 милиони евра, за да може овие средства да се реинвестираат во женскиот фудбал“, додаде Инфантино.

Претседателот на ФИФА не постави рок за постигнување на таа цел, иако следните три домаќини се веќе познати: Бразил ќе биде домаќин на Светското првенство во 2027 година, а засега САД и Велика Британија се единствени во трката за домаќини на Мундијалите во 2031 и 2035 година.

Според податоците на ФИФА, од последното Светско првенство кое во 2023 година се одржа во Австралија и Нов Зеланд бил остварен приход од над 570 милиони долари. За споредба, продажбата на правата за Светското првенство во машка конкуренција во 2022 година донесе заработка од 6,3 милијарди долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
Следна Статија Папите не смеат да изберат само едно име, знаете ли кое?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Колку ќе заработи Шкендија со обезбедувањето европска есен?

Тетовска Шкендија е хит во квалификациите за Лигата на шампионите откако синоќа го исфрли ромаскиот гигант ФСБ. Порано познат како…

July 31, 2025
СПОРТ

Репрезентативецот Димитар Митровски потпиша за Олимпија Љубљана во рекорден трансфер за словенечкиот прволигашки фудбал

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски е нов член на словенечкиот шампион Олимпија Љубљана. По одличната сезона во дресот на Вараждин, каде…

June 13, 2025
СПОРТ

Mбапе живее со трансвестит!

Поранешниот голман на парагвајската репрезентација, Хозе Луис Чилаверт, го поддржа напаѓачот на Бенфика, Џанлука Престијани, кој беше критикуван поради расистичкиот…

February 19, 2026
МАКЕДОНИЈАСПОРТ

Македонија загуби два поена од индексот на корупцијата во 2024 година, со 40 поени на 88-мо место во светот

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на Македонија во…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?