Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фицо: Европската Унија се однесува како навредено дете, Словачка ќе биде дел од новиот светски поредок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Фицо: Европската Унија се однесува како навредено дете, Словачка ќе биде дел од новиот светски поредок
СВЕТ

Фицо: Европската Унија се однесува како навредено дете, Словачка ќе биде дел од новиот светски поредок

Објавено September 2, 2025 09:49
Сподели
Сподели

Словачкиот премиер Роберт Фицо потврди дека за време на неговата посета на Пекинг ќе има билатерални средби со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот лидер Си Џинпинг, како и други високи функционери на Народна Република Кина.

Фицо ја критикуваше Европската Унија поради одлуката да не испрати свои претставници на овој значаен собир, јави телевизијата Та3.

Оваа недела Кина е домаќин на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), на кој, покрај Путин и Си, учествуваат и индискиот премиер Нарендра Моди, како и други светски лидери. Покрај самитот, предвидени се и свечености по повод 80-годишнината од победата над Јапонија и завршувањето на Втората светска војна.

Фицо изрази жалење што токму Словачка ќе биде единствената држава-членка на ЕУ која ќе има свои претставници во Пекинг.

– Ако во Пекинг постои можност покрај оддавањето почит на жртвите од војната да се сретнеме со светски лидери, треба да се искористи. Политичари кои претставуваат милијарди луѓе ќе бидат таму, порача словачкиот премиер.

Фицо истакна дека институциите на Европската Унија биле однапред известени за неговото патување, но оти немало реакција.

– Се создава нов светски поредок, нови правила на мултиполарниот свет, нов баланс на силите, што е исклучително важно за глобалната стабилност. Учеството во такви дискусии значи поддржување на дијалогот наместо играње навредено дете. Така денес се однесуваат ЕУ и нејзините претставници, истакна Фицо.

Објаснувајќи ја својата одлука да отпатува во Кина, словачкиот премиер се повика на одредбите од Уставот на неговата земја кој, како што рече, „го обврзува секој словачки политичар да се стреми кон постојана мирна соработка со другите демократски држави“.

Фицо потсети дека „Советскиот Сојуз и Кина го понесоа најтешкиот товар од Втората светска војна и нагласи дека одбива да ги затвора очите пред таа реалност и да го искривува минатото“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ахмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001
Следна Статија Наќе Чулев вели дека излегле на виделина причините за елиминација на професионални кадри од безбедносниот систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Како Хелсинки го реши сообраќајниот хаос: Цела година немало сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Хелсинки минатата година немало ниту еден смртен случај поврзан со сообраќајот, соопштија градските власти. Надлежните оценија дека достигнувањето се…

August 3, 2025
СВЕТ

Иран повторно воведе ограничувања за премин на бродови низ Ормускиот Теснец

Иран ја поништи својата одлука за повторно отворање на Ормуската Теснина, наведувајќи ја како причина континуираната блокада на неговите пристаништа…

April 18, 2026
СВЕТ

Трамп ќе се сретне со Зеленски утре во Палм Бич на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа. Според распоредот…

December 27, 2025
СВЕТ

Кошта по трговскиот договор ЕУ – Индија: Ова е историски момент, отвораме ново поглавје

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска го оцени склучувањето на сеопфатен договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Индија…

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?