Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФК Вардар и ФК Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФК Вардар и ФК Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани
СПОРТ

ФК Вардар и ФК Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани

Објавено March 18, 2025 08:27
Сподели
Сподели

Со цел да се соберат парични средства за семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани, балканските фудбалски великани Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје, и тоа во вечерен термин на 16-ти април.

Овој датум беше единствениот кој беше слободен за Црвена Звезда до крајот на сезоната, а Вардар како клуб без размислување го прифати и се согласи да го нагости српскиот шампион.

– Како акт за помош на настраданите во огнената стихија во Кочани, Генералниот директор на белградска Црвена Ѕвезда, Звездан Терзиќ и Извршниот директор на скопски Вардар, Миленко Неделковски, вечерва се договорија двата клуба да одиграат хуманитарен натпревар во Скопје на 16-ти април.

– Сите средства собрани од влезници и спонзори ќе одат за семејствата на настраданите во огнениот пекол во Кочани.

Натпреварот ќе се игра во ноќен термин под рефлектори.

– ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег. Двата клуба договорот ќе го потпишат во текот на утрешниот ден. Исто така изразуваме голема благодарност до легендата на Вардар и Црвена Ѕвезда, Илија Најдоски, со чие посредништво е овозможен овој спектакл, – гласи објавата на Вардар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Определен притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани
Следна Статија Министерката Весна Јаневска во Кочани спасила професор кој колабирал – му го извлекла јазикот да не се задуши

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Милевски: Имаме мотиви за нова победа

Денеска Македонија ги завршува натпреварите од Лигата на Нации со мечот на домашен терен против Фарски Острови. Во пресрет на…

November 17, 2024
СПОРТ

Ливерпул потврди голема вест: Мохамед Салах потпиша нов договор

Ливерпул денеска ја потврди големата вест која беше објавена пред два дена, кога бројни сигурни извори објавија дека Мохамед Салах…

April 11, 2025
СПОРТ

НБА плеј-оф: Минесота е ривалот на Лејкерси, Денвер против Клиперс

По одигрувањето на вчерашните натпревари познати се сите парови за плеј-инот во НБА лигата, а извесни се и четири пара…

April 14, 2025
СПОРТ

Чеферин денеска во посета на ФФМ, средби и со државниот врв

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на…

April 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?