Фудбалскиот клуб Вардар го засили својот состав со ново име кое ќе биде огромно засилување – Давид Бабунски е официјално нов член на екипата.
Клубот официјално го поздрави играчот и истакна дека неговото доаѓање е дел од стратегијата за засилување на тимот и враќање на Вардар на врвот на македонскиот фудбал.
31-годишниот Бабунски првпат ќе игра во македонскиот фудбал. Досега ги носеше дресовите на Данди Јунајтед, Мезоковедж, Дебрецин Костанца, Ботошани Омија Адрија, Јокохама, Црвена Звезда и Барселона.