Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФК Осогово не ги заборави верните навивачи Томас и Александар кои загинаа во пожарот во „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФК Осогово не ги заборави верните навивачи Томас и Александар кои загинаа во пожарот во „Пулс“
СПОРТ

ФК Осогово не ги заборави верните навивачи Томас и Александар кои загинаа во пожарот во „Пулс“

Објавено March 14, 2026 16:48
Сподели
Сподели

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени на Градскиот стадион од страна на нивните пријатели и семејства. На откривањето на бистите на Томас и на Александар присуствуваа и пратеникот во македонското Собрание, Миле Лефков и претседателот на советот на Општина Кочани, Александар Антов. Јулија Златкова мајка на Томас Златков се обрати пред навивачите на групата „Сејмени“ и публиката на ФК „Осогово“. Таа вели дека стои со чувство на огромна болка и тага, бидејќи како што рече нема погоголема болка кога мајка ќе го изгуби своето дете во трагедија.

-Томас и Александар навистина беа посебни. Овие бисти кои се поставуваат во нивна чест се токму овде на трибините, каде што се чувствуваше најмногу нивната енергија и секогаш кога ќе доаѓаме овде на стадионот, иако сме ние тажни како нивно семејство ќе бидеме и горди, бидејќи се наоѓаат на местото каде што беа најсреќни, каде што најмногу се чувствуваше нивната енергија, рече Златкова. 

Таа порача бистите на Томас и Александар да стојат како вечен симбол на нивниот живот и дека најголемото богатство што човек може да го остави зад себе е добрината и споменот во срцата на луѓето.

Претседателот на советот на Општина Кочани, Антов истакна дека Томас и Александар ќе навиваат на сите натпревари на ФК „Осогово“ заедно со верните навивачи на „Сејмени“.

Пред една година во кочански „Пулс“ згаснаа 63 млади животи и над 200 беа повредни. Настаните во рамки на сдногодишната од пожарот во „Пулс“ продолжуваат утре со кошарарски натпревар, музичко-балетски перформанс, промоција на книга и доделување на признанија за лекарите и медицинскиот персонал од земјата и странство, кои учествуваа во лекувањето на повредните во дисокотеката „Пулс“. Централните настани се на 16 март во Кочани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука
Следна Статија Трамп знаел за ризикот од блокирање на Ормутскиот теснец од страна на Иран, но сепак започнал војна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Tухел призна дека е виновен за поразот

Англискиот селектор Томас Тухел изјави оти ја презема одговорноста за своите одлуки од клупата за време на синоќешниот пораз од…

July 16, 2026
СПОРТ

Eве каде се сели Винисиус

Во пресрет на четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн во центарот на вниманието е и…

April 6, 2026
СПОРТ

Светот доби уште еден Белингем

Младиот англиски репрезентативец Џоб Белингем (19) чекори по стапките на својот постар брат Џуд и летово би можел да направи…

March 10, 2025
СПОРТ

Tриумф на Бостон против Њу Јорк, Минесота подобра од Голден Стејт (ВИДЕО)

Актуелниот НБА шампион Бостон Селтикс со убедливи 115-93 го совлада Њујорк Никс во Медисон Сквер Гарден и дојде до првата…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?