Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фластери и никотински гуми за џвакање ќе можат да препишуваат матичните лекари како лекови за одвикнување од пушење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Фластери и никотински гуми за џвакање ќе можат да препишуваат матичните лекари како лекови за одвикнување од пушење
ЗДРАВЈЕ

Фластери и никотински гуми за џвакање ќе можат да препишуваат матичните лекари како лекови за одвикнување од пушење

Објавено May 28, 2026 13:46
Сподели
Сподели

Министерството за здравство ја ажурира есенцијалната листа на лекови и во неа по првпат се ставени лекови за одвикнување од пушењето, како трансдермални фластери и никотински гуми за џвакање, кои ќе можат да ги препишуваат матичните лекари, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во рамките на одбележувањето на Светскиот ден без тутун 2026 година.

Од денешната прес-конференција во рамките на одбележувањето на Светскиот ден без тутун 2026 година, на која учествуваа министерот за здравство Азир Алиу, претставник од СЗО, д-р Аким Али, и директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска / Фото: Принтскрин
Најави дека Министерството за здравство почнува координирани активности за јакнење на услугите за откажување од пушењето во здравствените установи низ државата.

Во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје, локалните самоуправи и здравствените домови, ќе се работи на зголемување на достапноста на советувалиштата за одвикнување од пушење, а посебен фокус е ставен на младата популација.

„Целта е зајакнување на локалните услуги за поддршка на граѓаните кои сакаат да престанат со пушење, како и подобрување на системот за упатување и континуирана поддршка“,рече тој.

Како значајна новина што се воведува, според Алиу, е тоа што Министерството ја ажурирало есенцијалната листа на лекови и по првпат во неа се вклучени средства за одвикнување од пушење, меѓу кои трансдермални фластери и никотински гуми за џвакање.

„Целта е овие лекови да бидат подостапни за граѓаните, препознаени од јавноста и фармацевтските компании, а матичните лекари да можат да ги препишуваат“,кажа Алиу.

Според него, паралелно се работи и на нов закон за заштита од употреба на тутунски и сродни производи, усогласен со европските стандарди, со цел долгорочно унапредување на јавното здравје.

Претставникот од СЗО, д-р Аким Али, предупреди дека младите се сè почеста цел на тутунската индустрија преку производи со различни вкусови и атрактивно пакување.

„Зад светлите бои и слатките вкусови стои јасна намера да се нормализира употребата на никотин и да се создаде зависност кај младите. Вкусовите како нане, боровинка и лубеница не се безопасни, туку се дизајнирани да го прикријат ефектот на никотинот“,рече д-р Али.

Според него, 14 отсто од младите во земјава користат тутунски производи, а девет отсто електронски цигари.

Посочи и дека употребата на електронските цигари кај младите е двојно зголемена во споредба со 2016 година.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, предупреди дека пушењето останува сериозен јавноздравствен проблем во земјава. Фактот што половина од возрасните граѓани се активни пушачи е сигнал за, како што рече, одлучно преземање мерки за заштита на населението.

„Истражувањето од 2023 година покажа дека 45,4 отсто од возрасната популација се активни пушачи, што е значително над европскиот просек од 25 отсто“,рече Андоновска.

Употребата на тутун, како што рече, е поврзана со кардиоваскуларни, белодробни и малигни заболувања, како и со мозочен удар и компликации во бременоста.

Според анализите на СЗО, употребата на тутун ја чини државата околу 38 милијарди денари годишно, а секој денар вложен во превенција носи поврат од 19 денари преку избегнати здравствени трошоци.

Најави дека ИЈЗ ќе продолжи со превентивни едукации во училиштата и активности за подигнување на јавната свест за штетноста од пушењето.

Годинашниот Светски ден без тутун се одбележува под мотото „Разоткривање на привлечноста, спротивставување на зависноста од никотин и од тутун“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Европа се штити со казни: „ТЕМУ“ мора да плати 200 милиони евра, нуделе нелегални производи
Следна Статија Шанса за Ноле: На Синер му се слоши и испадна од Ролан Гарос (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Осум повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија

Осум пациенти денеска се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија, а во странство остануваат хоспитализирани уште 18 повредени…

May 2, 2025
ЗДРАВЈЕ

Доктор Даниловски: Метапневмовирус воопшто не е нов вирус, се лекува како обична настинка

Епидемиологот Драган Даниловски тврди дека нема потреба од страв и паника меѓу населението во Македонија откако во соседството се појави…

January 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката

Детската клиника во Скопје бележи најниска стапка на смртност кај хоспитализирани пациенти во историјата на Клиниката, соопшти директорот Реџеп Мемеди…

June 23, 2026
ЗДРАВЈЕ

Д-р Стојковски: Двојно зголемен буџетот на Онкологија, во оптек седум нови лека

Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, проф.д-р Игор Стојковски во интервју за МИА истакнува дека двојно зголемен е…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?