Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе решителни контрамерки на американските царини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе решителни контрамерки на американските царини
СВЕТ

Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе решителни контрамерки на американските царини

Објавено February 14, 2025 14:20
Сподели
Сподели

Европската унија нема да остане без одговор на воведувањето на неоправданите царини од страна на САД и ќе преземеме соодветни и решителни контрамерки, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по средбата во Минхен со баварскиот покраински премиер Маркус Содер.

Ги зајакнавме нашите алатки за да ги заштитиме нашите интереси, нашите компании и нашите работници, но се подразбира дека ние секогаш сме подготвени да бараме заеднички решенија со САД, од кои корист ќе имаат и двете страни, додаде Фон дер Лајен.

Таа потенцира дека е важно да се нагласи значењето на врските меѓу Европа и САД кои имаат толку многу заедничко, додавајќи дека „Америка е останува најблизок партнер“ на ЕУ.

– Сакаме да ја продолжиме соработката со САД. Веруваме дека трговските војни и казнените царини не му користат никому. Царините се даноци. Тие ја зголемуваат инфлацијата. Тие особено ги погодуваат работниците, бизнисите и групите со ниски приходи. Тие ги нарушуваат важните синџири на снабдување од двете страни на Атлантикот. Никој нема корист од царините, рече Фон дер Лајен.

Според неа, во вакви услови кога светот во целина се менува со молскавично темпо и Европа „треба да забрза“.

– Сигурна сум дека можеме да го направиме тоа. Треба да станеме поконкурентни. Мора да се вратиме и на значително повеќе инвестиции во одбраната и безбедноста. Треба да ги зајакнеме нашите домашни индустрии и иновации и, со тоа, на крајот да го зајакнеме суверенитетот на Европа, истакна Фон дер Лајен.

Таа додаде дека важно прашање што предизвикува загриженост во Европа се и случувањата во Украина и условите за ставање крај на „страшната војна“ во оваа земја.

– Народот на Украина, како и ние, има најголем интерес да види фер и траен мир. Ова е особено важно ако земјите од Европа сакаат да ја гарантираат безбедноста и да преземат одговорност за обновата на земјата. Цврсто стоиме зад Украина и со нашите многубројни меѓународни партнери сакаме да бидеме сигурни дека таа може да одлучува од позиција на сила за условите под кои сите страни ќе го положат оружјето. Иднината на Украина е и иднината на Европа, рече Фон дер Лајен, која престојува во Минхен за учество на Минхенската безбедносна конференција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
Следна Статија Палевски планирал од Турција да оди во Минск, па во Москва, открило ЈО во пораките од телефонот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Франција сака да учествува во американско-украинските преговори за минералните суровини

Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорну, изјави дека официјален Париз од октомври разговара со Украина за можноста за развој на…

February 27, 2025
СВЕТ

Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут (ВИДЕО)

Иранските медиуми објавија видео од моментот на израелскиот напад на бункерот на Хезболах во Бејрут, Либан, во кој минатата недела…

October 5, 2024
СВЕТ

Несреќа во Намибија: Загина познато германско семејство

По падот на лесен авион во Намибија во кој загинаа четворица германски државјани, сега се пронајдени и останките од четвртата…

May 30, 2026
СВЕТ

Си-ен-ен: Протекоа американски разузнавачки податоци за израелски напад на Иран

Соединетите Американски Држави го истражуваат протекувањето на високо доверливи разузнавачки податоци кои се однесуваат на израелски планови за напад на…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?