Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фон дер Лајен од денес на турнеја низ Западен Балкан, во среда ќе пристигне во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фон дер Лајен од денес на турнеја низ Западен Балкан, во среда ќе пристигне во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен од денес на турнеја низ Западен Балкан, во среда ќе пристигне во Скопје

Објавено October 13, 2025 08:12
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен денеска од Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки в среда ќе допатува во Скопје.

Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лаен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

На првиот ден од овогодишната петта по ред западнобалканска турнеја, Фон дер Лаен денеска во Тирана ќе има средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, по што ќе се обрати на отворањето на Регионалниот инвестициски форум на ЕУ за Западниот Балкан.

Попладнево Фон дер Лаен ќе отпатува за Тиват, каде ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милановиќ и премиерот Милојко Спајиќ, а утре ќе учествува на Инвестициска конференција за паметна и зелена иднина.

Од Тиват, Фон дер Лаен утре ќе замине за Сараево на средби со членовите на претседателството на Босна и Херцеговина и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, по што ќе го посети и Меморијалниот центар во Сребреница.

Фон дер Лаен од БиХ ќе отпатува за Белград, каде в среда претпладне ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Ѓуро Мацут, по што ќе замине за Приштина на средби со косовската претседателка Вјоса Османи и техничкиот премиер Албин Курти.

Од Приштина, Фон дер Лаен в среда попладне ќе допатува во Скопје, кое ќе биде последна етапа од нејзината турнеја низ Западниот Балкан.

Европската комисија соопшти дека оваа турнеја ќе биде можност Фон дер Лаен да ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот во Унијата и за нивниот постепен пристап до Единствениот европски пазар, како и да разговара за спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хамас ги ослободи првите заложници (ВИДЕО)
Следна Статија Македонија подготвена за победа: Фудбалерите го пречекуваат Казахстан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски открива: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во синоќешното интервју за ТВ Алсат рече дека со проневерените пари од АД „Државна лотарија“, како…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Шабан Салиу: Не чувствувам апсолутно никаква вина за пожарот во Кочани

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и претседателот на политичката партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, кој…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА КОЦЕВСКИ Обвинителот Цветановски тврди дека државниот обвинител грубо ја злоупотребил својата функција

Обвинителот од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски, против кого е поведена дисциплинска постапка, во изјава за Република тврди дека постапката иницирана од…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: За 72 часа собрани 4,5 илјади тони отпад

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше за акцијата „72 часа“ кои беа предвидени за чистење на главниот град. „Помина рокот…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?