Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО)Протести против Маск ширум светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ФОТО)Протести против Маск ширум светот
СВЕТ

(ФОТО)Протести против Маск ширум светот

Објавено March 30, 2025 18:13
Сподели
Сподели

Илјадници луѓе ширум светот вчера се одѕваа на повикот на Движењето „Да ја собориме Тесла“ (Tesla Takedown) и протестираа пред продажните салони за автомобили на компанијата Тесла, изразувајќи го своето незадоволство од политичкото влијание на Илон Маск.

Покрај протестите ширум САД, демонстрации се одржаа и во Австралија, Нов Зеланд, Канада, Ирска, Германија, Швајцарија, Франција, Велика Британија и други европски држави.

Движењето „Да ја собориме Тесла“ ги повикува граѓаните на три конкретни чекори: да не се купува Тесла, да се продадат акциите во Тесла и да се придружат на протестите.

Еден од слоганите е „Да и се наштети на Тесла значи да се сопре Маск. Запирањето на Маск значи спасување животи и демократија“.

Во Ирска протестите се одржуваа под слоганот „Смачкај го фашистот“ (Smash the Fash), додека пораката од Швајцарија беше „Да го собориме Доге“, алудирајќи на новото американско федерално тело Департмент за владина ефикасност.

Организаторите на протестите наведуваат дека главната цел на Движењето е ненасилен отпор, но оти нема повеќе време за чекање. Тие истакнуваат дека „Никој нема да не спаси освен нас самите“.

Демонстрантите во САД ги вандализираат и објектите на Тесла, но организаторот се оградува од таквите напади, потенцирајќи дека се мирољубиво Движење, кое е против насилство и уништување на имот.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека секој облик на насилство врз објектите на Тесла ќе биде класифициран како домашен тероризам.

– Мирните протести на јавна површина не се домашен тероризам, соопшти Движењето.

Протестите и вандализмот почна откако Маск стана дел од администрацијата на Трамп и поради неговите контроверзни политички ставови. Маск на инаугуративната вечер поздрави со дигање на десната рака, што беше протолкувано како фашистичкиот поздрав. Голем број луѓе ширум САД своето незадоволство прво го изразија со мирни протести, кои потоа прераснаа во насилство и уништување имот.

Во исто време продажбата на автомобилите Тесла на клучните пазари бележи пад. Продажбата во Германија е драстично намалена, во февруари продадени се 76 отсто помалку автомобили отколку во истиот период минатата година и покрај зголемувањето на вкупната продажба на електрични автомобили за 31 проценти. И во Кина е регистриран пад на продажбата за 11,5 отсто во споредба со минатата година. Во Норвешка, Данска и Шведска забележан е пад на продажбата од 40 проценти, додека во Франција изнесува 26 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 90-годишна возраст почина актерот Ричард Чембрлен
Следна Статија Уапсен чаирчанецот кој утрово пукаше од возилото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протестири во повеќе држави бараат од Target да се спротивстави на имиграционата рација во Минесота

Активисти планираат протести пред повеќе од две десетини продавници на Target низ Соединетите Американски Држави со цел да го принудат…

February 13, 2026
СВЕТ

Каде е Ормускиот теснец од кој зависи испораката на нафта за половина свет

Иранската војска минатиот месец натоварила подводни мини на бродови во Персискиот Залив, што дополнително ги зголемило загриженостите во Вашингтон дека…

July 2, 2025
СВЕТ

Човекот кој најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот…

February 7, 2025
СВЕТ

Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?