Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Авион на „Рајанер“ го оштетил крилото на грчки аеродром, удрил во ограда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (ФОТО) Авион на „Рајанер“ го оштетил крилото на грчки аеродром, удрил во ограда
БАЛКАН

(ФОТО) Авион на „Рајанер“ го оштетил крилото на грчки аеродром, удрил во ограда

Објавено June 20, 2025 13:44
Сподели
Сподели

Авион „Боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпе оштетување на врвот на десното крило откако удри во заштитна ограда додека се движеше по грчки аеродром. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот беше ставен во сообраќај по инцидентот.

Летот FR6080 на „Рајанер“ тргна од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавија дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром Каламата во 14:24 часот по локално време.

По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на возењето, неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и веднаш застанал. Фотографиите објавени на интернет го покажуваат долниот дел од закрилата како виси надолу, делумно одвоен од остатокот од структурата.

Бидејќи немало опасност за патниците или екипажот, тие биле симнати на вообичаен начин, преку скали. Службите за итни случаи на аеродромот брзо пристигнале на местото на настанот, но немало потреба од интервенција.

Во соопштението на „Рајанер“ се вели дека авионот слета безбедно, но „за време на возењето на аеродромот, врвот на крилото удри во ограда“. Тие додадоа дека авионот потоа бил подложен на рутинска проверка и одржување, по што бил повторно ставен во сообраќај, пренесе Индекс.хр.

Според порталот Flightradar24, авионот останал на земја во Каламата околу пет и пол часа додека инженерите го испитувале оштетениот дел од крилото. Извршен е целосен преглед, вклучително и отстранување на оштетениот дел. По привремените поправки, авионот полетал од Каламата кон аеродромот Милано-Бергамо, а потоа од Милано извршил лет до Тирана во Албанија.

Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.

The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.

Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, "the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8

— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Забранета „Парада на гордоста“ во Будимпешта
Следна Статија СДСМ: Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Не оставајте лежалки и пешкири во Полихроно и Калитеа, ќе ви ги рециклираат

Незаконски поставените чадори за сонце, лежалки, пешкири и други слични предмети на јавен простор, на плажите во Полихроно и Калитеа…

July 25, 2025
БАЛКАН

Вучиќ мора на пауза, се очекува Брнабиќ да преземе

Доколку српскиот претседател е привремено спречен да ја извршува функцијата, неговите должности и одговорности ги презема претседателот на Собранието, најмногу…

May 5, 2025
БАЛКАН

Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун

Во контејнер со пратка од Латинска Америка што пристигнала на пристаништето во Солун, грчката полиција открила 271 килограм и 150…

August 11, 2025
БАЛКАН

(Видео) Тепачка во српскиот парламент

Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка кога опозиционерите првин кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?