Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Возило заврши на кров, а двајца на хирургија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ФОТО) Возило заврши на кров, а двајца на хирургија
ХРОНИКА

(ФОТО) Возило заврши на кров, а двајца на хирургија

Објавено July 1, 2025 22:13
Сподели
Сподели

Сообраќајна несреќа во која учествувале две возила се случи попладнево во Куманово, соопшти полицијата. Од СВР Куманово најавија детали за несреќата по завршување на увидот. Од Итната помош во Куманово информираат дека интервенирале на локација кај булеварот „Трета македонска ударна бригада“, при што едно лице е повредено и пратено на хирургија, а второ лице е пратено на преглед, исто така на хирургија.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на денешната прес-конференција посочи дека на таа локација постојано се сервисираат семафорите поради сообраќајни несреќи. Димитриевски посочи дека спроведена е јавна набавка и избрана е фирма за одржување на вертикалната сигнализација.

Семафорите во континуитет се сервисираат, но се оштетуваат од лица кои предизвикуваат сообраќајни несреќи, а во многу случаи во состојба на алкохолизираност. Во последната сообраќајна несреќа беше уништен дел од таквата сообраќајна инфраструктура, но и главниот систем за функционалност. Искрено, жалам за сообраќајката, но кога се работи за светлечка сигнализација одлучува МВР, не е во наша надлежност, изјави Димитриевски.

Тој апелираше возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, сообраќајните знаци, првенството на минување….

Димитриевски, како што рече, повеќе се залага за изградба на кружни текови кои, иако го успоруваат сообраќајот, се побезбедни за сите учесници.

Општина Куманово преку јавна набавка на 5 јуни годинава избра компанија од Скопје која за скоро милион денари ќе ги сервисира семафорите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски за ТВ Франс 24: Два паневропски коридори се сечат источно од Скопје – уникатен случај во југоисточна Европа
Следна Статија Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Син претепал мајка – таа завршила на Клиника

Син ја претепал мајка си во смеејниот дом на Бит Пазар. Жената заврпила во болница со тешки повреди. – На…

March 20, 2026
ХРОНИКА

Македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Во акцијата, издадени се налози за апсење на 10 лица, меѓу кои е и Сокол Бибај (43), еден од клучните…

June 26, 2026
ХРОНИКА

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје сведочеше обвинетиот…

April 23, 2025
ХРОНИКА

Откриена царинска измама со увоз на месо во вредност од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?