Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Десет тони опасен хемиски отпад со години чуван во Институтот за јавно здравје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > (ФОТО) Десет тони опасен хемиски отпад со години чуван во Институтот за јавно здравје
ЗДРАВЈЕ

(ФОТО) Десет тони опасен хемиски отпад со години чуван во Институтот за јавно здравје

Објавено March 5, 2026 17:11
Сподели
Сподели

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од една деценија биле складирани околу 10 тони опасен хемиски отпад, кој претставувал сериозен ризик за здравјето на луѓето и за безбедноста. Како што информираше директорката на Институтот, Марија Андоновска, отпадот во меѓувреме е безбедно отстранет и ќе биде извезен од државата, каде што ќе биде согорен во соодветни услови.

Станува збор за различни видови лабораториски хемикалии и исцедоци од анализи, кои се наоѓале во различна агрегатна состојба. Според Андоновска, дел од супстанците биле лесно испарливи и запаливи, што дополнително ја зголемувало потенцијалната опасност.

– Немавме упатство за управување со овој отпад, но веднаш ги алармиравме надлежните институции. За среќа, избегнавме хаварија и отпадот е отстранет. Очекувам да се утврди и одговорност – истакна Андоновска.

Во процесот на отстранување бил вклучен и технологот Трајче Србиновски, кој предупреди дека вакви опасни жаришта има и на други места во државата.

– Неколку јавни институции нè повикаа да направиме увид и да ги детектираме критичните точки. Чистењето зависи од количината на хемикалиите и начинот на нивно складирање, а цената е висока бидејќи во државата нема активна депонија за ваков вид отпад – објасни Србиновски.

Надлежните засега не откриваат во која земја ќе биде извезен опасниот отпад од ИЈЗ, но потврдуваат дека тој нема да остане во државата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
Следна Статија Мицкоски се сретна со преставници на нафтената индустрија: Нема простор за загриженост, состојбата е целосно под контрола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Д-р Чибишев: Загадениот воздух во Македонија значително ги надминува безбедните нивоа, што предизвикува сериозни здравствени последици

Професоре Чибишев, како би ја оцениле состојбата со загадувањето на воздухот во Македонија, особено во Скопје? За жал, ситуацијата е…

November 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Со порастот на температурите ширум земјата, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денес објави низа препораки за заштита на населението од…

June 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Даниловски: Не ни треба интернет фантазија за епидемија од хантавирусот, ни треба дератизација!

Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв. Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик…

May 10, 2026
ЗДРАВЈЕ

Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада

Јапонската амбасада донираше мобилен рентген апарат на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара денеска појасни…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?