Кинеската компанија BYD ги претстави првите две електрични возила засновани на својата нова Супер е-платформа – луксузниот седан Han L и SUV моделот Tang L.
Најголемата иновација кај двете возила е неверојатната брзина на полнење, која е опасно блиску до брзината на полнење гориво кај класичните автомобили, пишува CarScoops.
Полнење од 10 до 70% за само шест минути.
И двата модели ја користат новата 1000-волтна база, претставена во март годинава.
„Han L“ доаѓа со Blade батерија со капацитет од 83,2 kWh, додека „Tang L“ има поголема батерија – дури 100,5 kWh!
Моделот „Han L“ се издвојува по тоа што батеријата може да се наполни од 10 до 70% за само шест минути, додека само пет минути полнење е доволно за дополнителни 400 километри досег.
Целосното полнење (од 0 до 100%) трае само 20 минути.
Од друга страна, Tang L овозможува автономија од над 350 километри по само пет минути полнење, додека целата батерија се полни за 30 минути.
Овие импресивни бројки се можни само со новиот полнач на BYD од 1.000 kW, а компанијата планира да изгради 4.000 станици за брзо полнење низ Кина.

Хан Л
Цена: од 26.470 евра (LiDAR Premium) до 28.885 евра (LiDAR Flagship)
Погон: електричен мотор со 671 КС и 420 Nm вртежен момент
Досег: до 701 km (CLTC)
AWD верзија: 778 КС, автономија 601 km, цена 33.645 евра.

Танг Л
Цена: од 27.651 евра до 34.895 евра
Основна верзија: заден погон, 788 КС
AWD верзија: 1.100 КС
Опсег: помеѓу 560 и 670 km, во зависност од верзијата и опремата.