Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Комбиња и камиони на МВР влегоа во Охис – Се запленува огромна количина на дрога?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ФОТО) Комбиња и камиони на МВР влегоа во Охис – Се запленува огромна количина на дрога?
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Комбиња и камиони на МВР влегоа во Охис – Се запленува огромна количина на дрога?

Објавено February 5, 2026 22:04
Сподели
Сподели

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината доцна попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони дрога запленети во Србија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога. Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите.

Screenshot

Дел од медиумите објавија дека синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје.

Screenshot

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување во вестите на МРТ најави дека деновиве МВР ќе излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.

Screenshot

– Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов која во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или, пак, на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани, потенцираше Мицкоски во гостување во вестите на МРТ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бомбашот на куќата на Здравко Чолиќ има 33 години: Активирал рачна граната во 5 часот изутрина
Следна Статија Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од петок „One stop shop“ со Србија, се очекува многу побрзо поминување на граница

Овој петок се очекува на граничниот премин Табановце-Прешево да почне да функционира „One stop shop“, интегрираниот граничен систем на Македонија…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пензијата за декември ќе биде навреме исплатена на 2 јануари

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Панчевски поднесе кривична пријава против членови на Советот на јавни обвинители

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски соопшти дека поднел кривична пријава против десет членови на Советот на јавни обвинители,…

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?