Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим
БАЛКАН

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим

Објавено July 7, 2025 14:03
Сподели
Сподели

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ) објави критичка анализа за рекордниот концерт на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб, во која се предупредува на присуството на крајно десничарски пароли и рехабилитација на усташкиот режим пред стотици илјади луѓе.

Под наслов „Десничарски пароли на најголемата хрватска сцена“, авторот Михаел Мартенс пишува дека концертот на Томпсон, одржан во саботата на загрепски Хиподром, бил повеќе од музички спектакл – бил огледало на длабоко вкоренетите историски контроверзии и општествени поделби во Хрватска.

Според организаторите, на настанот се собрале над 500.000 луѓе, иако е можно бројката да е помала. Сепак, станува збор за најголемиот концерт во историјата на Хрватска, а според ФАЗ, еден од најмасовните во Европа, надвор од бесплатните настани.

Мартенс потсетува дека најпознатата песна на Томпсон, „Бојна Чавоглаве“, започнува со извикот „За дом спремни“, официјална парола на усташкиот режим на Анте Павелиќ, сојузник на Хитлер на Балканот за време на Втората светска војна. На концертот во Загреб, стотици илјади луѓе одговарале со „спремни“ на извикот на Перковиќ, што авторот го споредува со „хрватска верзија на Хајл Хитлер“.

ФАЗ наведува дека за време на петгодишниот терор на НДХ биле убиени речиси 500.000 луѓе, вклучително над 300.000 Срби, како и Евреи, Муслимани, Роми и Хрвати. Само во логорот Јасеновац, кој весникот го нарекува најголем логор на смртта што не го воделе Германците, биле убиени над 80.000 луѓе.

Весникот ги истакнува контрадикторните изјави на Томпсон за поздравот „За дом спремни“ и неговото тврдење дека тој има постари корени. Сепак, Мартенс нагласува дека денес овој слоган не може да се одвои од фашистичкиот контекст од периодот 1941-1945, слично како што изразот „Jedem das Seine“ (Секому според заслугите) е неразделив од концентрациониот логор Бухенвалд.

ФАЗ, како што пренесува Индекс, предупредува и на загрижувачките резултати од истражување на загрепскиот Институт за општествени истражувања, според кое една третина од младите во Хрватска веруваат дека НДХ само ги „штитела интересите на Хрватите“.

Томпсон, кој од 2019 година не дава интервјуа, одбил да одговори на прашањето што мисли за Павелиќ, велејќи само: Тоа би го задржал за себе.

Авторот на текстот заклучува дека методот на Перковиќ е едноставен – да изговори нешто двосмислено, потоа да тврди дека е погрешно разбран или да негира дека го познава историскиот контекст на она што го зборува, оставајќи ја публиката да ја „доврши пораката“. Неговиот бизнис-модел, кој со децении е ист, го користи угледот на патриот за профит, но и за рехабилитација на усташкиот режим.

ФАЗ ја критикува и политичката поддршка за Томпсон. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ присуствуваше на генералната проба и се фотографирал со пејачот, а на концертот беа и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ и министерот за одбрана, кои го нарекле настанот „прослава на заедништвото и патриотизмот“.

Значајна улога имала и Католичката црква – пензиониран бискуп читаше молитва преку видео-екран, иако Томпсон не е познат по особена религиозност.

ФАЗ заклучува дека концертот на Томпсон продолжува да го поларизира хрватското општество. Додека стотици илјади луѓе го слават неговиот спој на кич, воена романтика, католицизам и историски ревизионизам, речиси ист број граѓани решително го отфрлаат, се наведува во анализата на германскиот весник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари
Следна Статија Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во скопско

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА: Најмалку 30 повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Повеќе од 30 лица се повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во српскиот град Нови Сад, јавија локалните…

November 1, 2024
БАЛКАН

(ФОТО) Зошто Лука Бојовиќ се крие со качкет

На денешен ден пред 25 години беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан. Неговото семејство како и секоја година го посети неговиот…

January 15, 2025
БАЛКАН

Објавени се нови слики од водачот на кавачкиот клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Црногорецот Радоје Звицер, водачот на озлогласениот кавачки клан, вчера се појави на листата на најбарани бегалци во Европа, откако Австрија…

November 14, 2024
БАЛКАН

На улица во Словенија убиена воспитувачка од градинка

Најмалку десет полицајци целосно ја блокираа Колодворската цеста во Пивка, Словенија, денеска наутро. На тротоарот во близина на локална продавница,…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?