Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче
ПОЛИТИКА

Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче

Објавено November 10, 2025 11:59
Сподели
Сподели

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, поранешен шеф на државата, дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа во неделата вечер, во гостувањето во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“.

Иако нагласи дека нема да зборува за имиња, Фрчкоски сепак директно го спомна Пендаровски и рече:

Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе…

Инаку, во кулоарите веќе подолго време се шпекулира дека Стево Пендаровски води некаква иницијатива за реформи во СДСМ и во опозицискиот блок, но до овој момент за тоа никој не проговорил јавно.

Фрчкоски, кој има силни персонални позиции во екипата на Венко Филипче, очигледно не случајно ја избрал емисијата „Во центар“ прв јавно да го спомне и да го опомене Пендаровски, порачувајќи му дека неговото, како што вели, „мешетарење“, било „без везе“.

Одговарајќи на темата зададена од Ефтов, за тоа кои лоби групи сакаат да го сменат Филипче, без да спомнува имиња, Фрчкоски спомна и „еден пратеник и еден поранешен градоначалник кој се занесува, не знам дали вмровциво го фатиле со кривични пријави, па сега го држат…“

Водителот Ефтов прецизираше дека станува збор за Оливер Спасовски и за Петре Шилегов, а Фрчкоски не го негираше тоа, но не пропушти да нагласи дека Венко Филипче заслужува поддршка.

Интересно е дека Фрчкоски во оваа емисија ја повтори својата идеја за создавање „голема владина коалиција“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за која пишуваше во колумна на порталот Либертас пред изборите, на 23 септември.

Тогаш, Фрчкоски предвидуваше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие „првата лузна на локалните избори“, поради „нечинењето, некомпетентноста и невладеењето“, но и поради „повлекувањето на стратешкиот партнер САД од регионот, како и блокада на ЕУ интеграциите“, „српската политичко-културна и бизнис инфилтрација и преку неа руското влијание“ итн. Во таа колумна, објавена на 23 септември, Фрчкоски исто така предвиде дека „ДУИ ќе избрише патос со Влен и владата ќе остане без ниту еден автентичен албански претставник во неа“.

„На ДПМНЕ му е потребен СДСМ да ја подели политичката одговорност за уставните измени и внесување на Бугарите како малцинство во Уставот, но и како бафер кон ДУИ, кога ќе треба да влезе во Владата“, напиша тогаш професорот Фрчкоски.

Тој својата „брилијантна“ предизборна анализа и својата „генијална“ идеја тој ја повтори и во интервјуто со Ефтов, како на изборите што завршија ништо да не се случило.

Извор: Плусинфо

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МОН: Повеќе од 12 милиони евра од буџетот за науката во Македонија
Следна Статија МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: По Апасиев, Мециновиќ и Мојсоска, дали и Крмов бил сметководител на партијата Левица?

„Паднаа маските на Левица позади кои грчевито се обидуваа да се претстават кај народот како скромни и неподмитливи, додека од…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Османи пред граѓанските организации ги презентираше механизмите за заштита од корупција

Имам предложено три сета механизми. Под 1: „Чаир 48“ што подразбира оперативни механизми, за да станат граѓаните заштитници на јавниот…

August 22, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: ДУИ прво мене ми понудија да ја растурам „Влен“, ми кажаа дека Ахмети ќе се пензионира

Гласачите гласаа за промена на централно ниво и убеден сум дека сакаат промени и на локално ниво, ќе бидеме фаворити…

April 26, 2025
ПОЛИТИКА

Висар Адеми е независен кандидат за градоначалник на Гостивар

Како независен кандидат во трката за градоначалник гува Висар Адеми. Тој придружуван од неколку блиски пријатели ги предаде документите за…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?