Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси
ПОЛИТИКА

Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси

Објавено February 28, 2026 20:34
Сподели
Сподели

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека со назначувањето на Ефимија Димовска на чело на Развојната банка, премиерот Христијан Мицкоски ја става институцијата во функција на, како што наведе, сопствени бизнис интереси.

Фрчкоски тврди дека Димовска е сопруга на Димитар Димовски, кого го посочува како долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во проекти поврзани со хидроцентрали, преку компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје. Според него, поставувањето на Димовска отвора сомнежи за конфликт на интереси, особено имајќи предвид дека Развојната банка одлучува за кредитни линии и финансирање на енергетски проекти.

Во изјавата се споменува и дека Димовски бил инволвиран во предметите „Топлик“ и „Шпански скали“, како и дека моментално извршува функција секретар за јавни политики во Владата.

Фрчкоски посочува дека Димовска е сопственик на компанијата „Херба Натура“ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект „ХН Соларис“, оценувајќи дека на тој начин се воспоставува „директен линк“ меѓу приватни фирми и државна финансиска институција.

Од СДСМ бараат итно повлекување на Димовска од функцијата и реакција од Државната комисија за спречување на корупцијата и другите надлежни институции, оценувајќи дека станува збор за класичен конфликт на интереси и злоупотреба на институциите во партиски и бизнис цели.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дескоска: „Шангајска“ или „Шиндлерова листа“ – Предлог-законот за високо образование содржи небулозни одредби
Следна Статија (ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илјадници патници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Орце ќе има тешка задача, но го познавам и знам каков работник е

Првата задача на Орце ќе биде да го исчисти главниот град од ѓубрето и депониите, рече на митингот во Скопје…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Жалам што Ахмети правата на бугарската заедница ги користи како дневна политика

Правата на бугарската заедница не се тема за дневна политика, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи жалење што лидерот на ДУИ…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

Додека го месете лепчето за Бадник, ѕирнете го соопштението на СДСМ, има „само“ шест страни

СДСМ денеска на ден Бадник, кога речиси цела Македонија се подготвува за бадниковата вечера, кога рано наутро се пречекуваат коледарчиња,…

January 6, 2026
ПОЛИТИКА

Митески: Со топлификациона мрежа ќе го решиме загадувањето на воздухот во Аеродром

Од Горно Лисиче, го најавуваме проектот за изградба на 110 км топлификациона мрежа која ќе ги опфати населените места Долно…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?